21 Мај, 2024
0.0381

ПЕДЕСЕТГОДИШЕН МАЖ СЕ РЕКРЕИРАЛ НА МАТКА И ПАДНАЛ ВО БЕСОЗНАНИЕ - го спасиле припадници на МВР и ЦУК

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Вчера во доцните попладневни часови била реализира успешна координирана спасителна акција на институциите од системот за управување со кризи кај кањонот Матка во содејство на специјалците од МВР, пожарникарите од Скопската бригада и Брзата медицинска помош во координација на Центрот за управување со кризи (ЦУК), соопшти ЦУК на својот фејсбук профил.

„Возрасен маж околу 50-ина години, во доцните попладневни часови, паднал во бесознание од слошување заради срцева здравствена слабост, при самостојно рекреативно пешачење на патеката до манастирот Свети Никола Шишевски што се наоѓа на десната страна од акумулацијата „Матка“. Први, случајно и пред стемнување, го пронашле граѓани - рекретавци коишто помогнале и реагилале превентивно, го згрижиле и веднаш го известиле Центарот за управување со кризи (преку единствениот број за итни повици броевите 112, а и преку стариот број 195), а истовремено бил запознат со случајот и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, по што следела координирана спасителна акција. При координацијата со институциите од Системот за управување со кризи, по наредба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на терен во спасителна акција многу брзо излегле и дејствувале припадниците од специјалната Единица за брзо распоредување (ЕБР). На терен, заедно со специјалците, биле и помогнале и припадници на Противпожарната бригада од Скопје, коишто дејствувале зело време заедно со специјалците“, се вели во соопштението од ЦУК.

Тимот од специјалци од ЕБР од МВР имал и болничар којшто се погрижил загрозениот граѓанин да биде во стабилна и свесна состојба од неговото преземање од местото каде што бил паднат во бесознаие, а бил пронајден и згрижен и чуван од совесните рекреативци, па потоа бил под надзор од болничарот и цело време при неговото извлекување на раце – со носилка, се до местото на предавање на Брза помош кај мостот на Треска после Брана Матка.

Успешната координирана спасителна акција на институциите од системот за управување со кризи кај кањонот Матка до медицинско згрижување на загрозениот граѓанин е завршена вечерва, нешто по 20 часот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази