23 Мај, 2024
0.0671

Писма и балони за ГТЦ-Архитектите продолжуваат со одбраната

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Архитектите не се откажуваат од ГТЦ. Асоцијацијата на архитектите продолжува со манифестацијата „Го сакам ГТЦ“, со цел уште еднаш да и даде до знаење на надлежните дека не треба да се менува ликот на ГТЦ. Акцијата за заштита и зачувување на автентичниот лик на ГТЦ ќе биде обележана со низа настани, а деталите ААМ ќе ги соопшти во текот на денешниот ден. -Ние, што мислиме поинаку од оние кои ја заговараат интервенцијата на урбаната структура ГТЦ, ги продолжуваме протестните активности. Сметаме дека е потребно подобрување на сегашната состојба на тие простори и тоа само преку реставрација и програмско заживување на објектот на самиот ГТЦ, а низ една поширока јавна расправа и со оние кои ја обмислуваат и со оние кои ја живеат неговата архитектура. ГТЦ е нераскинлив дел од идентитетот на Скопје и представува негово градителско, историско и културно наследство заедно со останатите делови на неговиот урбан блок. Заради тоа мора да остане таков како што е, автентичен, градски, наш ...Заслужува почит и негување. Значи, се продолжува со структуирана серија на настани во следниот период воглавно секој четврток, воглавно дружења, воглавно тематски уметнички перфоманси, инсталации, мали концерти и други случувања од сферата на урбаната култура, се вели во соопштението на ААМ. Од АММ најавуваат дека акцијата ќе продолжи со различни форми на креативно изразување, јавно говорење и институционални реакции. 1. ГО САКАМ ГТЦ е порака која ќе ги потсети сите дека треба да истрајат во одбраната на ГТЦ така што ќе лебди испишана на стотина балони, во четврток, на 03.10.2013год. 2. Писма – овозможување на граѓаните да им се обратат на одговорните (самите ќе ги именуваат), да се обратат до носителите на одлуките за преправањето на ГТЦ со писма во кои ќе ги изнесат своите ставови, мислења и сугестии.Формата на писмото (темплеитот) ќе биде поставена и достапна на интернет, а писмото потоа ќе му биде врачено на адресираниот примач по пошта (на рака). 3. Настапот на Ана Христова и ДЈ ќе биде музичка илустрација на средба-муабет со подсетување во Жена парк, во четврток, на 03.10.2013год., во 19.30ч. (во зависност од временските услови) со дониран безалкохолен пијалок 4. Инсталација/изложба на сликарката Пандора Апостолоска Саздовска. Иницијативата  „Го сакам ГТЦ“ започна во јуни 2013-та година како реакција на проектот за нова фасада и доградба на Градскиот трговски центар со кој целосно би се уништила архитектурата на објектот, како и неговата урбанистичка улога на „улица“ низ централното градско јадро.  Архитектите во текот на првата иницијатива со  писма се обратија до сите надлежни институции и побараа да се зачува автентичниот лик на ГТЦ. Асоцијација на архитекти на Македонија е поддржана и  од професионалци од релевантни области, невладини организации и граѓани кои го сакаат и ценат ГТЦ  ја стартуваа оваа иницијатива. Борбата за  за зачувување на автентичноста на ГТЦ доби поддршка и од Здружението на сопственици на деловен простор во ГТЦ и жители на станбените кули.  

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД НОВАТА ВЛАДА: Милошоски ги објави пресметките за пратеничките места

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД НОВАТА ВЛАДА: Милошоски ги објави пресметките за пратеничките места

„ОД КОГА ПОЧНАА ДА НАПЛАЌААТ ЗА ПОСТИРАЊЕ ВО ГРУПИ?“ Администраторка на група бара две илјади денари за две објави дневно 15 дена!

„ОД КОГА ПОЧНАА ДА НАПЛАЌААТ ЗА ПОСТИРАЊЕ ВО ГРУПИ?“ Администраторка на група бара две илјади денари за две објави дневно 15 дена!

МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ДОБИ ПРВАТА ЖЕНА СО ХИЏАБ: Имерлије Салиу од „Вреди“ доби пратенички мандат

МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ДОБИ ПРВАТА ЖЕНА СО ХИЏАБ: Имерлије Салиу од „Вреди“ доби пратенички мандат

ВЕНКО ЌЕ ЈА ВРАЌА СДСМ НА ПОБЕДНИЧКИТЕ ПАТЕКИ: Од симпатизерит и членовите дознал што всушност сакаат од партијата

ВЕНКО ЌЕ ЈА ВРАЌА СДСМ НА ПОБЕДНИЧКИТЕ ПАТЕКИ: Од симпатизерит и членовите дознал што всушност сакаат од партијата

„ВО ЕДНО САГЛАМ ЗДРАВСТВО НЕМА МЕСТО ЗА ТАКВИ ВРАБОТУВАЊА, ТРЕБА ДА ПАДНЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО“: Димитров предлага поништување на партиските вработувања

„ВО ЕДНО САГЛАМ ЗДРАВСТВО НЕМА МЕСТО ЗА ТАКВИ ВРАБОТУВАЊА, ТРЕБА ДА ПАДНЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО“: Димитров предлага поништување на партиските вработувања

„ГРАЃАНИТЕ ДА УЖИВААТ ВО ЖИВОТОТ“: Мицкоски вели дека доаѓала нова надеж во земјава

„ГРАЃАНИТЕ ДА УЖИВААТ ВО ЖИВОТОТ“: Мицкоски вели дека доаѓала нова надеж во земјава

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ПАРТИЈАТА НА ПАЛЧО ЗА НЕГОВОТО СПРОВЕДУВАЊЕ: Кој и како дозволи информацијата за спровод на Палевски од Шутка до Судот да биде пробиена?

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ПАРТИЈАТА НА ПАЛЧО ЗА НЕГОВОТО СПРОВЕДУВАЊЕ: Кој и како дозволи информацијата за спровод на Палевски од Шутка до Судот да биде пробиена?

ШТО ТОЛКУ НЕПРИЈАТНО МИРИСАЛО ВО ВИЛА ВОДНО ШТО ЈА НАТЕРАЛО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ДА ПРОВЕТРУВА? Силјановска Давкова ги отворила сите прозори- биле затворени заради безбедност

ШТО ТОЛКУ НЕПРИЈАТНО МИРИСАЛО ВО ВИЛА ВОДНО ШТО ЈА НАТЕРАЛО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ДА ПРОВЕТРУВА? Силјановска Давкова ги отворила сите прозори- биле затворени заради безбедност

НЕВРЕМЕ ВЧЕРА „УТЕПА“ ДЕЛОВИ ОД РАДОВИШКО И КОЧАНСКО: Попоски објави видео од градот што паѓаше, а ја објави и викенд прогнозата

НЕВРЕМЕ ВЧЕРА „УТЕПА“ ДЕЛОВИ ОД РАДОВИШКО И КОЧАНСКО: Попоски објави видео од градот што паѓаше, а ја објави и викенд прогнозата