ПЈОНГЈАНГ ГИ ПРЕМЕСТУВА ПРОЕКТИЛИТЕ: Ким ќе испука нова нуклеaрна ракета
Објавено во: Свет 30 Септември, 2017
Неименувани американски и севернокорејски безбедносни извори велат дека неколку севернокорејски ракети се преместени северно од Пјонгјанг.
Во извештајот се наведува дека нема никакви информации како и каде се преместени ракетите.
Се смета дека Северна Кореја ќе преземе дополнителни провокативни акции.
Од јужнокорејското Министерство за одбрана не кажуваат дали имало некакви сомнителни активности во наведената област.
Војската на Јужна Кореја се плаши дека е можно да има провокации на 10 октомври, на 72 годишнина од основањето на севернокорејската Работничка партија.
Читајте уште