25 Мај, 2024
0.0271

По 30 години од создавањето на интернетот, неговиот творец е разочаран

Објавено во: Свет 08 Март, 2019

Добивај вести на Viber


Пред триесет години во март, еден млад британски софтверски инженер кој работел во познатата научна лабораторија во близина на Женева, излезе со систем кој ќе споделува информации меѓу научниците и го промени човештвото.

Тим Бернерс Ли, таткото на World Wide Web, денес, сепак, предупредува дека неговиот изум е „киднапиран од разбојници" и дека тоа би можело да доведе до негово уништување.

Неговата стара канцеларија во ЦЕРН не се разликува од другите во долгата сала на главната зграда. Единствената индикација дека историјата е создадена таму е мала комеморативна плоча покрај името Бернерс-Ли.

Бернерс Ли беше надлежен за внатрешниот именик на ЦЕРН но бил животно заинтересиран да создаде начин на кок ќе им овозможи на илјадници научници од целиот свет кои соработувале со европските истражувачки лаборатории како полесно да споделуваат податоци во врска со нивната работа.

Неговата визија за "децентрализиран систем за управување со информации" наскоро се трансформира во „мрежа“ која ги поврзува компјутерите на која ќе може да му се пристапи на веб-сајт со помош на пребарувач и да може да се ажурира.

Во доцните 90-ти, Бернерс-Ли го објави првиот сервер за пребарување на мрежата. Пребарувачот исто така беше ставен во употреба на почетокот на 1991 година, прво во други истражувачки институции, а подоцна и отворен за јавноста.

Бернерс-Ли минатата година ја започна својата кампања за "зачувување на мрежата". На веб-самитот во Лисабон во ноември минатата година, тој повика на нов "веб-договор" базиран на пристап за секого и на основното право на приватност.

"Мрежата е киднапирана од расипници и тролови, кои го користат за да се манипулира со луѓе од целиот свет", предупреди Бернерс Ли во коментарот за New York Times, во декември, со предупредување на заканите со кои се соочуваат корисниците, почнувајќи од dark web, компјутерскиот криминал, лажнитe вести и кражбатa на лични податоци.

Во јануари, тој ja повика светската елита на Светскиот економски форум (ЊЕФ) во Давос да се приклучи во борбата против "поларизацијата" на онлајн дискусиите.


Можеби ќе ве интересира

Путин: Нема преговори со Зеленски, му истече мандатот

Путин: Нема преговори со Зеленски, му истече мандатот

Фицо уште е во болница по минатонеделниот атентат

Фицо уште е во болница по минатонеделниот атентат

Две авио-рути над Европа се меѓу најтурбулентните во светот

Две авио-рути над Европа се меѓу најтурбулентните во светот

Иран: Хеликоптерот на Раиси се запалил по удар во планина

Иран: Хеликоптерот на Раиси се запалил по удар во планина

„ШАРЛИ ЕБДО“ СЕ ШЕГУВА СО СМРТТА НА РАИСИ: Господ постои, нè ослободи од мулата

„ШАРЛИ ЕБДО“ СЕ ШЕГУВА СО СМРТТА НА РАИСИ: Господ постои, нè ослободи од мулата

ОВА МЕСТО МУ ПРИПАЃА САМО НА ИЗРАЕЛ: Израелски министер влезе во џамијата Ал Акса

ОВА МЕСТО МУ ПРИПАЃА САМО НА ИЗРАЕЛ: Израелски министер влезе во џамијата Ал Акса

СЀ ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ЈА ПРИЗНАА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - Израел повлекува амбасадори од Ирска и Норвешка, најавија остри реакции

СЀ ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ЈА ПРИЗНАА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - Израел повлекува амбасадори од Ирска и Норвешка, најавија остри реакции

ПО ИЛЈАДА ЕВРА ЗА СТУДЕНТИТЕ: Милијардерот Хејл ја продолжи традицијата во Масачусетс

ПО ИЛЈАДА ЕВРА ЗА СТУДЕНТИТЕ: Милијардерот Хејл ја продолжи традицијата во Масачусетс

НОРВЕШКА ЈА ПРИЗНАВА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - не е единствена, остра реакција од Израел

НОРВЕШКА ЈА ПРИЗНАВА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - не е единствена, остра реакција од Израел