20 Мај, 2024
0.1950

ПО ПОПЛАВИТЕ: Србија ќе го ограничи извозот на земјоделски производи?

Објавено во: Агробизнис 19 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Србија не мора да се грижат - земјата ќе има доволно храна и по катастрофалните поплави што ја зафатија, смирува секретарот на Одборот за аграр при Стопанската комора на Србија Милан Простран. „Србија не треба да стравува дека ќе нема доволно храна, можеби ќе има помалку за извоз, но во вонредна ситуација е најважно да се обезбеди храна за своето население, особено за оние од подрачјата кои претрпеа најголеми штети“, вели Простран. Житорорниот дел на Србија, Војводина, не страдаше во поплавите, а фондовите со храна од минатата година се добри и можат да ги задоволат потребите на земјата за следните 4-5 месеци. Според Простран, во вонредни услови, додека сите тие биланси не се затворат, држата мора барем привремено да донесе мерки за ограничување на извозот на пченица, пченка, масло и шеќер, без разлика што тоа се непопуларни мерки. Тој додава дека ваков чекор веќе се очекува, бидејќи мерки за ограничување на извозот се применувале и кога штетата од поплави била многу помала. „Тоа не е лошо и никој нема да ни замери“, вели Простран. Македонија увезува голем дел од пченицата и пченката од соседна Србија, па затоа катастрофалните поплави во оваа земја ја зголемија загриженоста и кај нас дека е можно да се соочиме со ценовен шок, поттикнат од растот на цените на овие две важни култури. АНАЛИЗА: Македонија пред ценовен шок?!

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?