25 Мај, 2024
0.0275

Почина познатиот италијански дизајнер Роберто Кавали

Објавено во: Свет 12 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Роберто Кавали, познатиот италијански дизајнер, почина денеска на 83-годишна возраст.

Италијанската новинска агенција АНСА објави дека дизајнерот починал дома во Фиренца, градот во кој е роден, по долго боледување.

Роберто Кавали е роден во 1940 година во Фиренца. Во 1957 година запишува Академијата за уметности, двоумејќи се дали да ги следи стапките на својот дедо и да стане сликар или да стане архитект, што го привлекувало.

На универзитетот почнал да излегува со колешка која подоцна ќе му стане прва сопруга. Во тој период, еден пријател го поканил рачно да ја наслика линијата на трикотажа што ја започнал. Тој проект стана хит меѓу младите, па Роберто се заинтересира за дизајн на текстил и почна да дизајнира фармерки и маици во хипи дух. Почнал да работи за Марио Валентино, дизајнер од Неапол кој бил специјалист за чевли и кожни производи. Таму пронашол и патентирал посебна техника на печатење на кожа.

Првата независна колекција ја претстави на триесет години под свое име во Париз, а потоа истите модели ги претстави на екстравагантна ревија во Фиренца. Прикажаната облека беше живописна и женствена и брзо стана хит меѓу познатите. Актерката Брижит Бардо прва ги облече неговите модели.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Нема преговори со Зеленски, му истече мандатот

Путин: Нема преговори со Зеленски, му истече мандатот

Фицо уште е во болница по минатонеделниот атентат

Фицо уште е во болница по минатонеделниот атентат

Две авио-рути над Европа се меѓу најтурбулентните во светот

Две авио-рути над Европа се меѓу најтурбулентните во светот

Иран: Хеликоптерот на Раиси се запалил по удар во планина

Иран: Хеликоптерот на Раиси се запалил по удар во планина

„ШАРЛИ ЕБДО“ СЕ ШЕГУВА СО СМРТТА НА РАИСИ: Господ постои, нè ослободи од мулата

„ШАРЛИ ЕБДО“ СЕ ШЕГУВА СО СМРТТА НА РАИСИ: Господ постои, нè ослободи од мулата

ОВА МЕСТО МУ ПРИПАЃА САМО НА ИЗРАЕЛ: Израелски министер влезе во џамијата Ал Акса

ОВА МЕСТО МУ ПРИПАЃА САМО НА ИЗРАЕЛ: Израелски министер влезе во џамијата Ал Акса

СЀ ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ЈА ПРИЗНАА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - Израел повлекува амбасадори од Ирска и Норвешка, најавија остри реакции

СЀ ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ЈА ПРИЗНАА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - Израел повлекува амбасадори од Ирска и Норвешка, најавија остри реакции

ПО ИЛЈАДА ЕВРА ЗА СТУДЕНТИТЕ: Милијардерот Хејл ја продолжи традицијата во Масачусетс

ПО ИЛЈАДА ЕВРА ЗА СТУДЕНТИТЕ: Милијардерот Хејл ја продолжи традицијата во Масачусетс

НОРВЕШКА ЈА ПРИЗНАВА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - не е единствена, остра реакција од Израел

НОРВЕШКА ЈА ПРИЗНАВА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - не е единствена, остра реакција од Израел