Почина Стамен Филипов, човекот кој ловеше лоши закони
Објавено во: Македонија 18 Декември, 2017 10:22
Вчера почина Стамен Филипов, човекот кој беше рекордер во Република Македонија според бројот на поднесени претставки до Уставниот суд. Тој може да се нарече ловец на лоши закони бидејќи наоѓаше голем број на грешки и недоследности во законските решенија кои не се во согласност со македонскиот устав.
Правникот Филипов до судот, во текот на своите пензионерски денови поднесе 1200 претставки , од кои дури 308 му биле прифатени.
Од вкупно поднесените иницијативи, Уставниот суд ми уважил 304 иницијативи, од тоа: 239 законски одредби се укинати или поништени, од кои 9 закони во целина и 65 подзаконски прописи,од кои 32 подзаконски прописи се укинати во целина.Уставниот суд по повод моите иницијативи има одржано и 15 подготвителни седници.За 569 иницијативи Уставниот суд, не повел постапка. Во оваа бројка не се вброени решенијата, со кои се отфрлени иницијативите”-резимираше Филипов за Фактор.
Според него, Уставниот суд не одлучува на време по поднесените иницијативи, затоа што е под директно политичко влијание.
Тој почина на 74 годишна возраст.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




