02 Мај, 2024
0.0272

Каде се закочени иницијативите пред Уставниот суд?

Објавено во: Мои пари 12 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Рекордерот во поднесени иницијативи до Уставниот суд на Македонија, правникот во пензија, Стамен Филипов, за Фактор вели дека  за десет години, во периодот од 1993 до 2013-та  година,  до Уставниот суд на Република Македонија  има поднесено повеќе од 1.200  иницијативи за поведување постапка за оценување на уставноста на одредени законски одредби или закони во целина,  како и  за оценување на уставноста и законитоста на подзаконските прописи или нивни пооделни одредби.Тој како што вели,  правдата сака да ја истера до крај, иако тоа не секогаш му успева. Многу граѓани, здруженија па дури и негови колеги досега ја побарале неговата помош и искуство во соочувањето низ лавиринтите на правниот систем. Според Филипов, тешка е подготовката на секоја иницијатива поединечно, бидејќи истата во зависност од проблематиката која ја третира,  треба да биде прецизно и јасно подготвена, со што и се очекува нејзино прифаќање, пред се од стручните служби,  а дури потоа и на разгледување пред уставните судии. “Од вкупно поднесените иницијативи, Уставниот суд ми уважил 304 иницијативи, од тоа: 239 законски одредби се укинати или поништени, од кои 9 закони во целина и 65 подзаконски прописи,од кои 32 подзаконски прописи се укинати во  целина.Уставниот суд по повод моите иницијативи има одржано  и 15 подготвителни седници.За 569 иницијативи Уставниот суд, не повел постапка. Во оваа бројка не се вброени решенијата, со кои се отфрлени иницијативите”-резимира Филипов. Законот за заштита од заразни болести-жежок костенза расправа! Последната иницијатива која на 27-ми  февруари годинава заедно со група граѓани Стамен Филипов ја поднел до Уставниот суд, а се однесува на задолжителната вакцинација на децата,  ја разбранува јавноста и разгневи дел од родителите кои сеуште се во дилема дали да ги вакцинираат своите деца. Според, Филипов, во демократско општество одлуката мора да биде на родителите, како ќе се изјаснат, дали да ги вакцинираат или не своите деца. Според него институциите на системот треба да работат на подобрување на законската легислатива и унапредување на здравствениот систем кој ќе овозможи поголема здравствена заштита, особено за децата, но не со законски обврски да се наложи што треба а што не,  да прават родителите, и притоа од тие одлуки да им зависат одредени законски бенефиции кои државата ги најавила како реформски чекори. “За предметната Иницијатива од 27.02.2014 година, која се однесува на  дел од Законот за заштита од заразни болести, но и деловите  од Законот за заштита на децата со кој се укинува паричната помош за трето дете доколку детето нема примено вакцина и Законот за основно образование кој предвидува запишување на детето во прво одделение со потврда за примени задолжителни вакцини, Уставниот суд, ако не донесе привремено решение за запирање на извршувањето на оспорените законски одредби, би требало да се произнесе за 6-8 месеци од поднесувањето на иницијативата. Уставниот суд може да одлучи да одржи подготвителна седница и по оваа Иницијатива, ако смета дека е тоа потребно.Според  членот 30-а став 1 од Законот за заштита на децата,  родителски додаток за дете остварува мајка за своето трето живородено дете, што е сосема во ред. Но, според ставот 5 алинејата 1 од истиот овој член, правото од ставот 1 на овој член не може да се оствари, односно ќе го изгуби веќе оствареното право, доколку: НЕ СЕ ВРШАТ ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ ВАКЦИН И НА ДЕТЕТО СОГЛАСНО ЗАКОН, што е нешто невидено од уставно-правен аспект”-вели Филипов. Според него,  Уставниот суд не одлучува на време по поднесените иницијативи, затоа што е под директно политичко влијание. Дека работите одат бавно и со невообичаено спора динамика за еден од најбитните правни домови, според Филипов говори и  примерот со Лустрацијата,  за која е  одржана  јавна подготвителна седница,потоа е  одржана и подготвителна седница само со судиите на Уставниот суд,  а одлука сеуште нема. Годишната прес конференција посветена на работата на Уставниот суд на Македонија во текот на 2013 година е закажана за 14 март годинава.

Можеби ќе ве интересира

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија