ПОДГОТВЕНИ ЗА ВОЈНА: Трамп порача-ако дојде до тоа Северна Кореја ќе биде разорена
Објавено во: Свет 27 Септември, 2017
САД се подготвени да ја решат напнатата ситуација со Северна Кореја со придвижување кон воена опција на дејствување што ќе биде штетна за КНДР.
Oва го рекол американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот на заедничката прес-конференција со шпанскиот премиер Маријано Рахој во Белата куќа.
"Ние сме целосно подготвени за втората опција, која не е најпосакувана, но ако направиме избор во корист на оваа опција, таа ќе биде катастрофална за Северна Кореја, која се нарекува воена опција", рече Трамп.
Во меѓувреме, стана јасно дека САД ги продолжија своите санкции против комунистичката страна, и овој пат мерките се насочени кон финансискиот сектор, велат од Светските агенции. Новиот пакет се однесува на 8 севернокорејски банки и 26 лица, претставници на разни финансиски институции во Кина, Русија, Либија и Обединетите Арапски Емирати.
Според зборовите на министерот за финансии, Стивен Мунчин, ова е следниот чекор кон целосно изолирање на Северна Кореја.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.