„Пофикс“ со штета од 12 милиони евра, поплавата го предизвикала пожарот во Тетово
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2022
Сопственикот на компанијата „Пофикс“ објави дека штетата предизвикана од пожарот во складиштето во близина на центарот на Тетово е проценета на 12 милиони евра.
Тој им се заблагодари на граѓаните и надлежните кои помогнале при гаснење на пожарот.
Тој откри и дека причината за пожарот е водата, поточно дождот кој ден пред да се случи пожарот предизвика поплави во одредени делови на Тетово.