Пожар избувна во Зелениково
Објавено во: Македонија 27 Август, 2023
Гори и во општина Зелениково.
Пожар избувнал доцна попладнево на територијата на Зелениково во атарот на село Страхојадица, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Пожарот веќе добива сериозни димензии затоа што веќе е навлезен во квалитетна шума“, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Локализиран е пожарот над Ајватовци, што беше активен од вчера откако доцна попладнево беше ставен под контрола и вториот крак. Претходно од ЦУК соопштија дека пожар има и во атарот на Студеничани и тоа на непристапен терен.
Во околината на Студеничани има нов пожар и како што соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, очекуваат на помош да дојде уште еден армиски хеликоптер. Пожарот е предизвикан од човечки фактор, за што директорот на ЦУК вели дека има и очевидци.