21 Мај, 2024
0.0323

ПОЗНАТИ ДЕТАЛИТЕ ЗА „СОЛИДАРНИОТ“ ДАНОК - еве кои се основиците и стапката, а ако пробате да фингирате бројки за да не го платите - КАЗНИТЕ СЕ И ДО 20 ИЛЈАДИ ЕВРА

Објавено во: Финансии 10 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Конечно на веб стграната на Собранието излезе предлог законот за Данокот на солидарност, кој прво требаше да се нарекува данок на екстра профит, но потоа Владата сакаше малку да ја ублажи оваа терминологија, со цел да не му „брцка“ дополнително во око на бизнис секторот.

Како и да е, деталите се тука, а она што е клучно е дека овој данок ќе го плаќаат сите фирми што лани оствариле приход од над 10 милиони евра. Овие компании на разликата во добивката во однос на претходните три години, ќе платат данок по стапка од 30 отсто. За оние, пак, кои нема точно да ги пријават заработките или нема да го платат данокот, предвидени се и казни. Овие компании на разликата ќе платат данок по стапка од 30 отсто.

Предлагач е Владата, а законот, за кој се предвидува во законодавниот дом да помине по скратена постапка, пред пратениците ќе го бранат министерот за финансии Фатмир Бесими и нивниот Заменик Филип Николоски.

Како образложение зошто се носи законот, Владата навела дека земјава, како и остатокот на светот, во моментот се соочува со енергетска и ценовна криза, а претходно и со економско-здравствената криза предизвикана од ковид, како и дека климатските промени и војната во Украина предизвикаа забрзан раст на цените на основните прехранбени артикли, нафтените деривати и електричната енергија.

Во такви околности, велат од Владата, одреден број компании токму како резултат на кризата, оствариле повисоки приходи.

„Со цел полесно справување со последиците од кризата, Владата во изминатиот период во неколку наврати донесе сет на мерки за поддршка на најранливите категории граѓани и на компаниите, преку субвенции, социјална заштита, даночни ослободувања и финансиска поддршка на домашните енергетски компании. Во услови на криза, од една страна се социјално загрозените категории на граѓани кои тешко ја поднесуваат ценовната и енергетската криза, а од друга страна се определен број на компании кои како резултат на таа криза остварија значително зголемени приходи“, се вели во Образложението.

Според Регулативата и на ЕУ, побјаснуваат од власта, придонесот за солидарност треба да дејствува како редистрибутивна мерка, за да се осигура дека компаниите кои оствариле вишок профит поради неочекувани околности пропорционално придонесуваат за ублажување на енергетската криза на внатрешниот пазар.

„Имајќи ја предвид наведената Регулатива, повеќе земји од светот воведоа или најавија дека ќе воведат т.н. данок на екстра профит, како што се Хрватска, Бугарија, Грција, Унгарија, Велика Британија, Италија, Шпанија, Германија. Преку плаќањето на овој вид данок компаниите кои во услови на криза оствариле вишок профит, пропорционално ќе придонесат за ублажување на последиците од кризата. За постигнување на таа цел, сметаме дека и нашата држава треба да преземе активности за воведување на данок кој што ќе има солидарна функција и преку кој ќе се обезбедат финансиски средства кој во целост ќе се користат за финансирање на Програма за мерки за справување со кризата. Ваквиот данок е од општ интерес за сите граѓани, и неговото воведување ќе се заснова на принципите на правичност, еднаквост и пропорционалност“, нагласуваат во владиното образкложение.

Затоа, целта на Предлог Законот за данок за солидарност е секој да учествува во намирувањето на јавните расходи во согласност со своите економски можности и на солидарен начин да придонесе за ублажување на последиците од кризата.

„Предлог законот предвидува воведување на данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка. Обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари (10 милиони евра –н.з)“, се наведува во законот.

Од Владата навеле дека овој данок ќе донесе во буџетот сума од околу 4,7 милијарди денари, што е рамно на 76,4 милиони евра.

Додаваат и дека не се работи за обемен и сложен закон, па затоа и се бара да се донесе по скратена постапка.

„Данокот за солидарност е еднократна јавна давачка за 2023 година и е приход на Буџетот на РСМ. Обврзник на данокот за солидарност е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари. При утврдување на висината на приходот се исклучуваат приходите во стечајна постапка остварени од продажба на имот за намирување на доверителите“, се вели воп законот.

Натаму, се додава дека по исклучок, обврзник за данокот за солидарност не е обврзникот којпочнал со вршење на дејност во текот на 2022 година, освен во случај кога почнувањето со вршење на дејност е резултат на статусна промена, потоа, има искажано нула износ на даночна основа по намалување во даночниот биланс за оданочување на добивка во сите периоди во кои вршел дејност, како и даночниот обврзмник кој престанал со вршење на дејност согласно Законот за трговските друштва, без да изврши статусна промена и поднесува последен даночен биланс за оданочување на добивка за даночниот период од 2022 година.

Она што е битно е следниов член.

„Даночната основа за данокот за солидарност се пресметува на начин што од износот на даночната основа по намалување утврдена во даночниот биланс за оданочување на добивката за 2022 година, се одзема просечниот износ на даночна основа по намалување утврдена во даночните биланси за оданочување на добивка за претходните периоди, зголемен за 20 отсто. Доколку е поповолно за даночниот обврзник, даночната основа за данокот за солидарност може да се пресметува на начин што од просечниот износ на даночната основа по намалување утврдена во даночниот биланс за оданочување на добивката за 2021 и за 2022 година, се одзема просечниот износ на даночна основа по намалување утврден во даночните биланси за оданочување на добивка за претходните периоди, зголемен за 20 отсто. Претходни периоди се периодите од 2018, 2019 и 2021 година...“, се вели меѓу другото во законот.

Стапката на данокот на солидарност, ќе изнесува 30 отсто, се нагласува во законот.

Всушност, со оглед на комплицираниот опис, сите заинтересирани можат да го погледнат законот тука.

А, не се мали ни казните. Па така, глоба во износ од 1.800 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе плати даночен обврзник правно лице, доколку е среден трговец и од 3.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на даночен обврзник - правно лице голем трговец за прекршок, ако не поднесе до Управата за јавни приходи соодветен образец за пресметување на данокот за солидарност во утврдениот рок. Глоба во износ од 150 до 500 евра ќе има за одговорно лице ако е среден и од 200 до 500 евра ако е директор кај голема компанија.

Доколку, пак, данокот не се плати навреме во утврдениот рок, глобата е 1.800 до 6.000 евра за среден и од 3.000 до 10.000 евра за голем трговец, а истите казни како претходно се предфвидени и за директорите на фирмите.

Многу повисоки казни, пак, се предвиодени за фирмите што ќе сакаат да ги скријат приходите, односно неточно да ги прикажат, и со тоа да се спасат од данокот, односно тие се од 3.600 до 12.000 евра за среден трговец и од 6.000 до 20.000 евра за голем трговец, додека, пак, нивните директори ќе бидат казнети со 300 до 1.000 евра за среден трговец и од 400 до 1000 евра за голем трговец.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ КАЈ БОГАТИТЕ, МНОГУМИНА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА: Ова е нашиот единствен спас

ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ КАЈ БОГАТИТЕ, МНОГУМИНА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА: Ова е нашиот единствен спас

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата