Прават ли монопол „Жито Полог“ и „Жито Битола“?
Објавено во: Економија 19 Септември, 2017 07:00
Жито Полог и Жито Битола имаат договор да го поделат пазарот и да не си конкурираат на сегментите продажба на наменско брашно, на брашно Т-400 и на брашно Т-500. Дали е ова делување во согласност со Законот за заштита на конкуренцијата???
Дали „Жито Полог“ и „Жито Битола“ ќе настапат на пазарот на брашно во земјава при што ќе направат штета на конкурентските компании? Ова е прашање што се поставува од увидот во предлог одлуката што вчера ја усвоија акционерите на „Жито Полог“. Во оваа предлог одлука е предвидено тетовски „Жито Полог“ да продаде 4.300 тони меркантилна пченица на Жито Битола. Зделката е вредна 46 милиони денари, што е речиси 10 отсто од сметководствената вредност на „Жито Полог“. Важно е да се истакне дека најголем поединечен акционер во „Жито Полог“ е ЗК „Пелагонија Битола“ која воедно е и единствен сопственик на „Жито Битола“. „Жито Полог“ и „Жито Битола“ се производители на брашно, а пченицата што е предмет на купопродажба „Жито Полог“ ја купил од ЗК „Пелагонија“.
Што е стратегијата на двете фирми со ист стопан?
„Стратегијата е да имаат заеднички настап на пазарот, со тоа што Жито Полог да настапи со продажбана наменско брашно и брашно Т-400, а Жито Битола да настапи со продажба на брашно Т-500. Жито Полог има набавено доволна количина на квалитетна пченица од родот 2017 година, па дел од истата може да ја продаде на Жито Битола за производство на квалитетно брашно Т-500. Пченицата е набавена по цена од 10 денари за килограм, а ќе биде продадена по цена од 10,20 денари за килограм, цени без вклучен ДДВ, а цените со ДДВ се: набавна 10,50 денари за килограм и 10,71 денар за килограм пченица„ ова е цитат од Извештајот за ангажман за разумно уверување во постапка за одобрување зделка со заинтересирана страна што го изготви ТП за ревизија „Котев“ и кој денеска ќе се најде пред акционерите на „Жито Полог“.
На следниве линкови може да ги прочитате одлуките и извештајот http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=42053l и
http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=42059
Во извештајот се носи заклучок дека зделка е фер спремна двете страни, но во ниту еден момент не се споменува Законот за заштита на конкуренцијата.
Што забранува Законот за заштита на конкуренцијата ?
Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста „Фактор“ цитира дел од Законот за заштита на конкуренцијата: НАРУШУВАЊА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА ,Глава прва: ДОГОВОРИ, ОДЛУКИ И УСОГЛАСЕНО ОДНЕСУВАЊЕ
Забранети договори, одлуки и усогласено однесување
Член 7
(1) Забранети се сите договори склучени меѓу претпријатија, одлуките на здруженијата напретпријатија и усогласеното однесување чија цел или последица е нарушување наконкуренцијата, а особено оние кои:
1) директно или индиректно ги фиксираат куповните или продажните цени или некоидруги услови за тргување;
2) го ограничуваат или го контролираат производството, пазарот, техничкиот развојили инвестициите;
3) го делат пазарот или изворите на снабдување;
Заради целосно и објективно информирање на јавноста и отстранување на дилемата дали се нарушува конкуренцијата „Фактор“ достави прашања до : Комисија за заштита на конкрентноста, до „Жито Полог“, до ЗК „Пелагонија“ како единствен сопственик на „Жито Битола“ и до ТП за ревизија „Котев“.
Доколку добиеме одговори и објаснувања ќе ги објавиме во целост.
Р.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати
Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце
Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува
Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата
Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми
ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат
Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања





