Преку отворен и инклузивен процес СДСМ најавува мерки за чист воздух
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2017
Владата предводена од СДСМ, заедно со парламентарното мнозинство, граѓанските организации и стручната јавност започнува активно да работи на системски решенија со кои ќе се подобри квалитетот на воздухот во Скопје и во останатите градови во Македонија“, соопштија од оваа партија.
Преку интересорска работна група составена од повеќе институции, велат активно ќе се следи состојбата на амбиентниот воздух и ќе се дефинираат препораки и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.
Посочуваат дека наместо популистичкиот и пропагандистички однос на владите на ВМРО-ДПМНЕ кон ова прашање, Владата предводена од СДСМ, преку транспарентен, одговорен и инклузивен процес, ќе спроведува мерки базирани на реални параметри и податоци преку кои на краток и долг рок ќе се подобрува квалитетот на амбиентниот воздух.
Како мерки за подобрување на квалитетот на воздухот ги наведуваат зголемување на бројот на корисници на системите за централно греење, поддршката на централен систем за греење на природен гас, зајакнување на контролите на цврстите горива, како категоризацијата на возилата согласно ЕУРО стандардот.
Со погоре напишаното се потврдува анализата на Фактор дека мерките за почист воздух ќе биде една од главните точки на кои ќе биде фокусирана кампањата на СДСМ за локалните избори.
СДСМ научи да "дрибла" - Чист воздух за спас од мигрантите