Премиерот не сака да верува дека Касами е заложник на Левица
Објавено во: Македонија 26 Декември, 2022
Премиерот Димитар Ковачевски не сака да верува дека лидерот на БЕСА, Билал Касами се ставил како заложник на Левица. Вели дека оваа партија го држи во заложништво ВМРО-ДПМНЕ.
Вели дека условувањата се неприфатливи.
„Наместо тоа јас повикувам, повикував и ќе повикувам на широк општествен и политички консензус за европскиот пат на државата“, изјави Ковачевски.
Ковачевски повтори дека не функционира под притисоци и уцени, нагласувајќи дека изборите ќе бидат во 2024 година и тоа е веќе апсолвирано прашање и дека не е фер кон граѓаните вакви клучни прашања да бидат предмет на дневна политика.
Инаку, Касами бара предвремени избори во замена за тоа што ќе ги поддржат уставните измени.
Касами бара и да се тргне 20 отсто од Уставот, а според него Ковачевски нема легитимитет да ја води Владата.
Инаку, Ковачевски и претходно изјавуваше дека Левица го држи во заложништво ВМРО-ДПМНЕ и дека претседателот Димитар Апасиев е „политички пироман“.