Добивај вести на Viber
Нови 2000 работни места во текстилната индустрија ќе се отворат во пет општини во источна Херцеговина и тоа во Билеќа, Требиње, Љубиње, Берковиќи и Невесиње.
По тој повод, компанијата Никола Тесла отвори деловни центри во овие пет општини, кои во следниот период ќе регистрираат работници заинтересирани за работа во текстилната индустрија.
Според извршниот директор на компанијата Драган Вучетиќ, во овие градови текстилни капацитети и работна сила имало одамна, што е од круцијално значење при донесување на одлука овој проект да стартува во Република Српска.