20 Мај, 2024
0.0266

ПРВА ПРОЦЕНКА: На српското земјоделство ќе му требаат 4-5 години да се опорави од поплавите

Објавено во: Агробизнис 16 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Поплавите кои ја зафатија Србија и нанесоа „силен удар“ на државата и ќе бидат потребни 4-5 години да заздрави само земјоделството, проценува српскиот министер задолжен за вонредни ситуации Велимир Илиќ. „Ова е исклучително силен удар за буџетот, што ќе се види по проценката на штетата. Секако ќе бидат потребни четири до пет години за земјоделството да застане на нозе“, изјави Илиќ. Тој додава дека за ваквата состојба не се виновни лошите системи за одбрана од поплава, туку „ненормално високите“ водостои кои било невозможно да се контролираат. Во Србија сеуште е на сила вонредната состојба од поплавите. Бројот на жртви се искачи на пет лица, а повеќе од 6.000 се евакуирани. Освен поплавите, сега опасност претставува и лизгањето на земјиштето. Србија досега побара помош од Европската комисија, Русија и Словенија. Српските власти апелираат до граѓаните да не одбиваат помош и евакуација и да не остануваат на покривите на поплавените куќи, поради опасноста тие да се урнат.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?