20 Мај, 2024
0.0259

ПРВИ МАЈ: Нема работничка борба со поданички синдикати!

Објавено во: Економија 01 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Таканаречените синдикални лидери кои се поданици на власта и не дозволуваат фер синдикална борба и квалитетен социјален дијалог се главните кочничари на синдикалната борба. На терен сеуште се експлоатира трудот на работникот, условите за работа особено во секторите индустрија, текстил, преработувачка се тешки, а платите мали, но тоа никој не го споменува. Македонија со години живее под партиска директива, или “те тепаат, а не ти даваат да плачеш” - вели за Фактор, Марјан Ристески од Конфедерацијата на слободни синдикати. Последните крвави случувања во Парламентот додава се уште еден доказ дека наместо напред, земјава се врати три чекори назад во делот на демократијата, човечкото достоинство и права. Закрвавеноста вели ја има и во синдикалните редови бидејќи со години се води сизифовска борба на неистомислениците со власта.

1 Мај треба да претставува празник на работникот кога на симболичен начин ќе се одбележи историската борба на синдикалните мегафони кои барале подобар живот, работни услови и плати за работникот, валоризација на неговиот труд и знаење, а не веднење на главата. Денеска вели Ристески очигледно е дека токму дел од синдикалните лидери не ја научиле основната синдикална лекција па наместо за развој и прогрес се зборува за преживување, наместо за демократија се зборува за репресија, наместо за достоинство се зборува за партиски линч и притисок.

“Дека во ССM не постои социјален дијалог зборува и фактот што во последно време и внатре во самиот сојуз постои превирање на две групи синдикалци. На оние кои не дозволуваат социјален дијалог и другите кои се поборници за социјален дијалог. Вториве сме членови на повелбата за солидарност и се надевам дека за краток период овие синдикати што делуваме заедно а моментално сме исфрлени од зградата на ССМ заеднички во иднина ќе настапиме здружено во интерес на работничките права и враќање на работничкото достоинство.Ние во рамките на нашите можности како КСОМ даваме безрезервна поддршка на овие синдикати да истраат во борбата која ја имаат започнато во ССМ.Тешка е но некој мораше да го направи првиот чекор и да го разобличи нетранспарентното и непрофесионално владеење”-објаснува Ристески.

Принципот на доброволност, независност и солидарнoст во синдикалните редови е само празна флоскула да се оправда незадоволството кое со години го има во синдикатите. Доказ за тоа е излегувањето на повеќето грански синдикати од најголемата синдикална организација. Конструктивна соработка со социјалните партнери за подобрување на работно-правната положба на работниците нема. Исклучително тешка вели Ристески е позицијата на работниците во приватниот сектор. Иако со закон се утврдени правата на работникот, голем дел од нив воопшто не се почитуваат.

“За разлика од јавните претпријатија- администрацијата каде што работникот има одредени права и е синдикално организиран, во приватниот сектор работниците се оставени сами на себе, на милост на газдите. Многу малку од тие вработени се синдикално организирани и таму работничките права се сведени на миминум или не постојат воопшто.Работниците молчат за проблемите поради фактот што во Македонија процентот на невработени е огромен и од страв да не го изгубат работното место без разлика што земаат минимални плати кои не ги задоволуваат основните животни потреби. По принципот на заменски работници кои како преседан ги видовме во секоторот образование, стравот постои и кај работниците во државните служби”- потенцира претседателот на Конфедерацијата на синдикати.

Последните крвави насилни настани што се случија во Собранието вели Ристески не можат да го остават рамнодушен никого, бидејќи власта сакаше да испрати порака на заплашување не само кон своите партиски опоненти туку и кон народот кој го подели на “наши” и “ваши”“Како и секој граѓанин така и јас неможам да бидам рамнодушен на она што го видовме во Парламентот. Таа слика покажува дека не функционираат институциите, дека системот е тектонски разнишан и нефункционален, дека се погазени закони , Устав, суверенитет, а на крај и достоинствотона државата и граѓаните. Ни останува да се надеваме дека вакви и слични настани нема да се случуваат во иднина и што побрзо да почнат да функционираат институциите на системот каде би можеле ние како КСОМ заедно со останатите прогресивни синдикати во една мирна атносфера без страв од насилства да почнеме конечно да воспоставиме нормален социјален дијалог кој што постои во нормалните европски и светски држави”- додава Ристески.

Досегашната политичка пракса вели покажала дека на политичката сцена се потребни луѓе демократи со широки и европски погледи кои  ќе знаат да ги демократизираат институциите на системот.

Денот на трудот 1 Мај, КСОМ ќе го одбележи со протестен марш заедно со потписниците на Повелбата за солидарност во која се здружени неколку прогресивни синдикати. Протестот ќе започне во 12 часот од пред зградата на Ибни Пајко која се наоѓа преку Камени мост, а потоа ќе се движат покрај кејот на Вардар до Министерството за надворешни работи за протестната поворка да заврши пред зградата на ССМ и конечно во паркот кај споменикот на Урсовите синдикати.  

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?