20 Мај, 2024
0.0338

РАБОТНИЧКИ ПРАВА: Модерен роб на 21 век !

Објавено во: Економија 01 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Низок стандард, “тенки“ плати. На хартија, законски решенија што треба да ги штитат работничките права – во пракса недоречености и непочитување. Многу работи треба да се менуваат, пред се во законската регулатива – вели во интервју за “Фактор“ економистот Бранимир Јовановиќ. Смета дека правата на работниците се намалуваат а некогаш водечките сидикати се под контрола на власта.

Работничките права се топат...

Фактор: Како го профилирате работникот во 21 век – каква е разликата меѓу работникот некогаш и сега, во 21 век ?

Јовановиќ: Главната разлика помеѓу работникот денес и работникот во минатото е во тоа што работникот денес не е свесен дека е експлоатиран. Во минатото тој беше опресиран со стап, денес е опресиран со морков. Тогаш работникот беше тепан на работното место, беше приморуван да работи по 12 часа дневно, 6 дена во неделата... Денес физичко тепање нема и никој физички не ги присилува работниците да работат. Но, денес на работниците им се наметнуваат разни потреби – најнов мобилен телефон, лаптоп, кола, облека и сл, и потоа тој самиот прифаќа да работи што било, за да има пари да ги задоволи тие свои потреби.

Фактор: Во Македонија постојано се воведува и се менува законската регулатива која треба да ги зајакне и да ги штити работничките права – дали законите создадоа “модерни робови“ ?

Јовановиќ:Во Македонија постојано се намалуваат работничките права. И ова не е само мое субјективно мислење, туку е емпириски факт кој го потврдуваат сите релевантни извештаи на оваа тема. На пример, според Херитеџ фондацијата, во 2006 година 56 земји во светот имале повисоки работнички права од Македонија, а во 2017 година, тој број изнесува 124 земји. Слично е и според рангирањата на Фрејзер Институтот. Во Македонија, на пример, еден работник може да се вработува со договори на определено време до 5 години, по што договорот мора да се конвертира во договор на неопределено време (т.е. постојано вработување). Во Франција, овој период изнесува само 18 месеци. Со тоа што работниците се вработуваат со договори на определено време, тие се држат во неизвесност, зашто не знаат дали договорот ќе им биде продолжен или не. Тоа пак ги одвраќа од борба за своите права, што е уште една одлика на современото ропство.

Работнички стандард ....

Фактор: Дали можеме да кажеме дека законските решенија, кои често се менуваат, го штитат работникот, односно ги дефинираат неговите обврски но и права?

Јовановиќ:Сѐ помалку и помалку, зашто работничките права постојано се намалуваат. Можеби уште поважно, ни тие малку права кои работниците ги имаат не се имплементираат како што треба. Работодавачите постојано ги кршат правата на работниците и никој не реагира. Државните институции кои треба да го прават ова (Трудовата инспекција и судовите) потфрлаат во многу случаи. Ова делумно е последица на лошата регулатива (на пример, од Трудовата инспекција постојано се жалат дека рацете им се врзани од страна на Инспекцискиот совет), но пред сѐ е последица на недостигот од политичка волја за подобрување на состојбата на работниците.

Фактор: Македонија беше една од последните земји во Европа што воведе минимална плата, колку ова може да се смета за голем чекор во подобрување на стандардот на работниците?

Јовановиќ:Воведувањето на минималната плата воопшто не може да се смета за голем чекор. Минималната плата се постави на многу ниско ниво (130 евра месечно, ако не се лажам). Дополнително, за дејностите во кои работат најголем дел од работниците со ниски плати (текстил, кожа, облека, чевларство), нивото беше уште пониско. Тоа значи дека многу мал број на работници навистина го почувствуваа воведувањето на минималната плата. Дури може да се каже дека воведувањето на минималната плата беше еден лицемерен чин, зашто воопшто не им помогна на работниците, а на ССМ и на Владата им даде изговор за да тврдат дека се грижат за работниците.

Фактор: Како се толкува податокот дека околу 70% од работниците примаат плата помала од републичкиот просек?

Јовановиќ:Тоа само покажува колку онаа просечна плата, од околу 22000 денари, не е репрезентативна. 70% од луѓето земаат плата која е под 22000 денари месечно, 50% од луѓето земаат плата која е пониска од 16000. Тоа е реалноста. Но, реалноста е и дека има луѓе во Македонија кои имаат плати од илјадници евра месечно. 14-те илјади лица со највисоки примања во Македонија имаат просечни примања од околу 3000 евра месечно. Тоа се тие два паралелни универзума во Македонија кога е економската состојба во прашање.

Контролирани синдикати ....

Фактор: Борба за подобри права – синдикатот терба да преговара со Владата за подобрување на правата, но дали овој модел прерасна во премолчен “пакт“ на сидикатите со власта? Дали сидикатите во земјава воопшто ја извршуваат својата функција?

Јовановиќ:Најголемиот синдикат во Македонија, ССМ, е целосно „жолт“, односно под контрола на Владата. Иако вака било отсекогаш во независна Македонија, сепак мислам дека во времето на оваа Влада ова се отиде еден чекор понапред. Она што е позитивно, тоа е што во последно време се појавуваат синдикати кои навистина се борат за работничките права. Сепак, законската регулатива и тука е лоша, зашто критериумите за репрезентативност на синдикатите се навистина високи, со што се штити ССМ и се оневозможува синдикатите кои навистина се грижат за работниците да добијат поголема моќ.

Фактор: Што треба да се менува ?

Јовановиќ:Неопходно е да се зголемат работничките права, преку измена на законите. Неопходно е и имплементацијата на правата да се подобри, преку подобро работење на државните институции. За овие две работи да се реализираат, потребна е политичка волја. Затоа е нужно да се влијае на политичарите, на носителите на политиките и на оние кои политиките ги спроведуваат. 

А.Д.

Можеби ќе ве интересира

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?