20 Мај, 2024
0.0274

РАБОТНИЧКИ СТАНДАРД: Со 150 евра нема живеачка!

Објавено во: Економија 01 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

“Ако сметаме дека достигнување е загарантирана минимална плата во висина од 9000 денари која не стасува ни за основните животни потреби, ние треба да се ставиме себеси во земји од Третиот свет“ – вели во првомајско интервју за “Фактор“, аналитичарот Соња Стојадиновиќ. Според неа,одредени сидикални лидери, наместо да водата битка за подобрување на правата на работниците се претворени во “пиончиња“ на владеачката врхушка.

Ако не се почитува – законската регулатива е бескорисна ...

Фактор: Како го профилирате работникот во 21 век – каква е разликата меѓу работникот некогаш и сега, во 21 век ?

Стојадиновиќ: Разликата најлесно ќе ја најдете во едноставната споредба на работикот од социјализмот кој се повеќе се демонизира како систем и сегашниот работник, од новото капиталистичко време. Денеска работникот не може отворено да зборува за редовен годишен одмор, слободен ден, 13-та плата, платена прекувремена работа и отсуство на опасност од губење на работното место во случај на бременост. Покренувањето на сите овие права условно кажано загарантирани со закон, се отворена опасност за отказ. Во времето на социјализмот или така наречениот некогашен работник и денеска, сега имаме профит наместо работник на прво место. Парата вреди повеќе од човечкиот живот.

Фактор: Во Македонија постојано се воведува и се менува законската регулатива која треба да ги зајакне и да ги штити работничките права – дали законите создадоа “модерни робови“ ?

Стојадиновиќ: Нео либералниот систем со суровиот капитализам кои ни се инсталираат последниве 20 години создадоа модерни робови. Правната рамка за заштита на работничките права само им помага во инсталирање на тој модел. Не е целта само да се донесе закон, целта е тој да се почитува, а кај нас тоа е на многу ниско ниво во поглед на работничките права.

Фактор: Дали можеме да кажеме дека законските решенија го штитат работникот?

Стојадиновиќ: Како што реков и горе, бескорисна е квалитетна законска рамка за заштита на правата на работникот, ако истата не се почитува. Зарем е потребно во 21 век работниците да го тужат работодавачот за неисплатена плата за изработена работа?

Работнички стандард, борба за права ...

Фактор: Македонија беше една од последните земји во Европа што воведе минимална плата, колку ова може да се смета за голем чекор во подобрување на стандардот на работниците?

Стојадиновиќ: Ако сметаме дека достигнување е загарантирана минимална плата во висина од 9000 денари која не стасува ни за основните животни потреби, ние треба да се ставиме себеси во земји од Третиот свет. Не смееме да заборавиме дека со Законот за гарантиран минимален личен доход, работниците од текстилната и кожарската индустрија експлицитно со член 13 се исклучени и тие со закон примаат помала плата од законски пропишаната. Се додека минималната плата во Македонија не стигнува да ја покрие основната потршувачка корпа за 4 члено семејство и одредени категории на производни сектори се исклучени од законот, не може воопшто да стане збор за некаков напредок на стандардот на работниците.

Фактор: Како се толкува податокот дека околу 70% од работниците примаат плата помала од републичкиот просек?

Стојадиновиќ: Се толкува како сметање на државата дека профитот на работодавачите е поважен од човечкиот живот и правата на работниците. Тие се гледани како потршен материјал, лесно заменливо штравче кое секогаш има кој да го замени.

Фактор: Борба за подобри права – синдикатот терба да преговара со Владата за подобрување на правата, но дали овој модел прерасна во премолчен “пакт“ на синдикатите со власта? Дали сидикатите во земјава воопшто ја извршуваат својата функција?

Стојадиновиќ: Одредени синдикати заедно со своите лидери дозволија да бидат пиончиња на власта и фотељите на нивните лидери да станат исти како на оние политичките иако седат на различни страни од преговарачката маса. Од друга страна, други синдикати со години се трудат да ја работат работата за која се платени од своето членство. Борба за правата на своите членови и работните услови. Синдикатот не е создаден да биде пријател на власта. Тој е создаден да го заштитува работникот и да се бори за него и се додека ние имаме синдикати кои се во спрега на власта, нашето место е на улиците на и на барикадите на штрајкот.

Фактор: Што треба да се менува ?

Стојадиновиќ: Правото на штрајк кое е гарантирано со Уставот на РМ е регулирано со 27 закони. Не можете да организирате штрајк, а да не прекршите некој член или правилник и да изгубите работа. Треба да се почне од тука, а да се продолжи со Законот за гарантиран минимален доход и самото почитување на Законот за работни односи. Компленто правната рамка која ги регулира работните односи во Македонија мора да претрпи измени во позитивен правец кон заштита на правата на работникот.

А.Д.

Можеби ќе ве интересира

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген