26 Мај, 2024
0.0270

РИЗИЧНИ ИНВЕСТИЦИИ: Вложуваат милијарди за да ја добијат вакцината први

Објавено во: Економија, Корона Вирус 27 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Во трката да се развие вакцина против Кови-19, државите и фармацевтските компании се изложуваат на огромни винансиски ризици. Тие вложуваат милијарди, но со причично мали шанси за успех. Ги забрзуваат тестирањата без никакви гаранции дека ќе бидат ефикасни, градат цели фабрики за вакцините, а никој не потврдува дека ќе бидат одобрени. Ова, како што пишува Ројтерс, е нова пандемиска парадигма, исклучително ризична, со основен фокус на брзината.

–Кризата во светот е толку голема што секој од нас се изложува на максимален ризик со цел да ја запреме болеста. Доколку тоа не вроди со плод, ќе биде многу полошо, изјави за Ројтерс, Пол Стофелс од компанијата Џонсон & Џонсон, која се здружи со американската влада во инвестиција од милијарда долари за да се забрза развојот и производството на вакцина.

Незапамтени размери на ризични вложувања

Вакви ризични размери на инвестирање од страна на фармацевтски компании, влади и инвеститори до сега се незапамтени. Генералниот консензус на повеќе од 30 директори на фармацевтски компании, владини претставници и експерти за пандемијата, со кои разговарал Ројтерс е дека ризиците се неопходни не само за брз развој на вакцината, туку и за нејзина дистрибуција веднаш откако биде одобрена.

До сега, само мал број од тоа што е направено, премина во тестирање на луѓе, а тоа е фазата во која најголем број и тука ќе испаднат од трката. Дури и меѓу оние со најперспективни проекти, ретко кој ќе успее, пишува во анализата на Ројтерс.

-Сакаме да ин вестираме однапред, свесни за ризикот, дури и пред да дознаеме дали вакцината ќе дејствува, изјавил Ричард Хачет, шеф на Коалицијата за епидемиолошка криза. Оваа организација до сега успеала да собере 195 милиони долари, од вкупно две милијарди колку што предвидува дека ќе биде потребно за да се развие вакцината. 


Можеби ќе ве интересира

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски