20 Мај, 2024
0.0247

Рунтевски: Извозот на јагнешко ист како лани

Објавено во: Агробизнис 09 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Во пресрет на Велигденските празници, на пазарите во Италија, Грција и Хрватска веќе се извезени 140.000 јагниња од Македонија, вели првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски. Според него, ваквиот извоз е во рамките на минатогодишните количини. Иако првично цената била 140 денари за килограм, како што се доближуваат празниците, така и цената се зголемува. Рунтевски денеска ја посети фирмата „Серта компани“, еден од извозниците на јагне на пазарите во европските земји. „Извезуваме македонско јагне на грчкиот, италијанскиот, српскиот, хрватскиот и црногорскиот пазар. Годинава планираме да го зголемиме извозот за 20 до 30 отсто во однос на 2013 година. Имаме одлична соработка со сточарите. Нашето поднебје е едно од најдобрите за квалитетот на јагнешкото месо. Тоа го кажуваат купувачите од Италија, Хрватска, Србија. Минатата година прв пат влеговме и на српскиот пазар“, рече сопственикот на кланицата, Ристо Михајлов. Инспекторите го контролираат квалитетот на јагнето кое се извезува на странските пазари. Транспортот на ова месо бара високи хигиенски услови и соодветна температура.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?