Салвини се занесе во популизмот: Се смееше на место каде настрадаа 32 луѓе
Објавено во: Свет 04 Ноември, 2018
Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини, кого многу Италијанци го сметаат за де-факто премиер на Италија, денеска тргна на турнеја низ областите кои се оштетени поради страшните бури што се случија северна и западна Италија - региони на Трентино и Венето.
Салвини им се приклучи на спасувачите на патот кон Белуно, област која е отсечена од земјата и се смета дека е погодена најлошото за време на бурата во последните неколку дена. Салвини вчера вети 200 милиони евра помош за жителите на погодените области.
Тој го снимил своето патување со серија фотографии и снимки, кои ги објавил на социјални мрежи. Но, како што може да се види од фотографиите, Салвини изгледа како добро да се забавува а не како да оди во подрачје каде што има страдање.
Остава впечаток неговото насмеано лице не фотографиите на бродот за цивилна заштита на Венеција. Наиде на серија илјадници негативни коментари на згрозеност на Twitter Тие го потсетија Салвини дека оди на место каде што настрадале 32 луѓе и огромни штети по имотите и природата.