Самсунг инвестира 7,5 милијарди долари за флексибилни панели
Објавено во: Стил 16 Јануари, 2016
Технолошкиот гигант „Samsung“ има планови да инвестира 7, 47 милијарди долари за производство на флексибилни OLED панели. Во оваа година компанијата издвои помеѓу 2,49 и 3,2 милијарди долари, за изработката на 30-45 илјади панели на месец. Останатите средства ќе бидат вложени во 2017 година.
По инвестицијата обемот на производството на „Samsung“ ќе порасне до 45 илјади долари месечно. Предвидено е исто „Samsung Display“ да инвестира 823 милиони долари во опремата за производство, за да ја задоволи побарувачката на OLED панелите од страна на кинеските компании. Опремата за производство и тестирање на OLED панелите ќе бидат купени од компаниите „HB Technology“ и „AP Systems“.
„Apple“ ќе биде клучен клиент на флексибилните дисплеи, бидејќи ќе ги користи во своите нови мобилни уреди. Во неколку странски сајтови се појавија непотврдени информации дека Јужнокорејската компанија и „Apple“ веќе потпишале договор, пишува „TechNews“.
Уште во 2015 година година „Samsung“ претстави примероци на флексибилните панели за основниот производ на „Apple - iPhone“. Во ноември беше јасно дека помеѓу двата технолошки гиганти се водат преговори за долгорочно поврзување и снабдување.