Саудискиот крал го пофали синот, но го скокна убиството на Кашоги
Објавено во: Свет 19 Ноември, 2018
Kралoт на Саудиска Арабија, Салман денеска го одржа својот прв голем говор откако саудиските агенти го убија новинарот Џамал Кашоги, и изрази поддршка за својот син, принцот престолонаследник.
Но, тој избегна да ги спомене обвинувања дека принцот го нарачал убиството.
Кралот ги наведе приоритети на Саудиска Арабија за следната година, истакнувајќи теми како што се војната во Јемен, безбедноста за Палестинците, стабилноста на пазарот на нафтата, спротивставување на ривалот Иран и отворање нови работни места за Саудијците.
„Меѓународната заедница мора да работи на спречување на иранската нуклеарна програма и нејзините активности кои ја загрозуваат безбедноста и стабилноста“, додаде тој.
Кралот рече дека Саудиска Арабија ги поддржува напорите на ОН за запирање на војната во Јемен, каде што коалицијата предводена од Саудиска Арабија се бори против бунтовниците Хути, поддржани од Иран речиси четири години за на власт да ја врати меѓународно признаената влада.
„Нашата поддршка за Јемен не беше опција, туку должност да му помогнеме на јеменскиот народ во борбата против агресијата на милицијата поддржана од Иран“, рече тој.
Кралот не посвети внимание за реакциите што се кренаа околу принцот престолонаследник Мохамед бин Салман во врска со убиството на Кашоги.
ЦИА заклучи дека принцот Мохамед го наредил убиството на Кашоги на 2 октомври, што Саудиска Арабија одлучно го негира.
59 годишниот Кашоги е убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул, каде отишол по документи за брак со турска државјанка.