20 Мај, 2024
0.0270

Се бара чаре да се амортизира ударот од намалениот откуп на тутунот

Објавено во: Агробизнис 19 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Тутунарите во паника заради најавите за намален откуп во следната реколта. Бараат Министерството за земјоделство да најде начин да го амортизира ударот за земјоделците кои уште од сега знаат дека ќе останат без договори за откуп со тутунските претпријатија и ќе мора да садат друга култура. Струмичките земјоделци бараат парите предвидени за субвенции на тутунарите да бидат искористени за да им се помогне на овие семејства да ја пребродат кризата и да се префрлат на одгледување друга култура. Во моментов, Владата секој килограм откупн тутун го субвенционира со 60 денари, но за следната реколта веќе е извесно дека намалениот откуп ќе ги намали и буџетските средства за оваа намена. Засега нема информации дали Владата е подготвена да разгледа една ваква мерка. Поради намалената побарувачка на тутун од тобако индустријата на глобално ниво на барање на Светската здравствена организација, тутунопроизводството во земјава оваа година ќе се препоплови.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?