21 Мај, 2024
0.0249

СЕ ДОБЛИЖУВА ДО ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА - еве ја домашната банка со најголема пазарна капитализација

Објавено во: Финансии 07 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Берзанските билтени секогаш се интересни за домашната инвеститорска јавност. Она што се случувало на Берзата, практично говори за крвотокот на домашната економија и кај најмоќниот бизнис во државата.

А едни од најинтригантните податоци секогаш се оние за тоа колку вределе најголемите фирми во земјава според пазарната капитализација, што значи колку пари би се зеле за соодветната компанија или банка доколку сите нејзини акции се продадат во ист ден.

Интересно е што овдешната бизнис јавност се „пали“ на таквите бројки само кога звучно ќе ги објават некои странски медиуми, но не и кога ќе бидат презентирани од домашни релевантни извори.

Колку вределе во јануари домашните компании и банки мерено според пазарната капитализација?

Еве што покажува берзанскиот билтен.

Домашната најголема банка според активата, Комерцијална банка, во јануари имала пазарна капитализација од над 28 милијарди денари, или изразено во заедничката европска валута – 459 милиони евра. Односно, близу половина милијарда евра би се добиле доколку во само еден ден се продадат акциите на нашата најголема домашно поседувана банка.

Втор според пазарната капитализација е моќниот фармацевтски гигант „Алкалоид“, чија пазарна капитализација во јануари била повисока од 25 милијарди денари или 412 милиони евра.

На трето место се најде уште една домашна банка, односно Стопанска банка Скопје, со пазарна капитализација во јануари од близу 23 милијарди денари, или прецизно 372 милиони евра. Толку пари би се инкасирале за нашата најстара банка која е во сопственост на грчки капитал, под претпставка доколку сите нејзини акции се продадат во исти ден.

И, четвртата позиција е резервирана исто така за банка, а тоа е НЛБ Банка, чија пазарна капитализација е над 22 милијарди денари, или 361 милиони евра.

Домашниот нафтен дистрибутер „Макпетрол“, пак, е на петто место, со пазарна капитализација од над 124 милиони евра, а шести е „Гранит“, чија пазарна капитализација изнесува 62 милиони евра.

Следува УНИ Банка со пазарна капитализација од 42 милиони евра, „Реплек“ има пазарна капитализација од 40 милиони ева, додека, пак, „Македонијатурист“ е на ниво од 33 милиони евра пазарна капитализација. Уште една банка, Стопанска банка Битола, на крајот на јануари имала пазарна капитализација од 15 и пол милиони евра.

Кога станува збор за тоа кои акции најмногу пораснале а кои паднале, може да се забележи дека во јануари најголем раст има акцијата на УН Банка, и тоа за близу 19 отсто, додека пак акцијата на НЛБ Банка во првиот месец од годината доживеала зголемување од близу 9 проценти, со што се најде на втората позиција на „добитници“.

Намалување, пак, има кај акциите на ЦКБ Банка и Либерт Скопје.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома