25 Мај, 2024
0.0270

Се одбележуваат 30 години македонска самостојност – концерт на пијанистката Трајческа „Балканска синтеза“

Објавено во: Стил 01 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Македонската пијанистка Јасмина Трајческа ќе одржи уште еден концерт на 5 јули, „Балканска синтеза“, по повод одбележување 30 години самостојност на нашата држава и 20 години јубилеј концертна дејност на носителот на проектот.

На програмата ќе бидат изведени  делата на македонската композиторка Билјана Бојовиќ, виолончелист и композитор „Сеуште тука“, „Три балкански танци“, и „Циклус дела за пијано“, како и делото на Џорџ Гершвин „Рапсодија во сино“ оригинален и единствен аранжман за пијано напишан од Гершвин. 

Концертите ќе бидат со траење од  120 минути, ќе бидат поканети Претседателот на Државата Стево Пендаровски, градоначалниците на Општина Гевгелија и Општина Битола, димпломатскиот кор во Битола, гости, пријатели и поранешни и сегашни ученици во класата на Трајчевска по пијано, и ќе земат учество со отсвирена композиција на самиот концерт.

Овој концерт е по само неколку дена откако пијанистката Трајческа одржа концерт во домот на културата Гевгелија, на 28 јуни, Балканска рапсодија. 

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“