Се породи Меган Маркл
Објавено во: Свет 06 Мај, 2019
Меган Maркл, војвотката од Сасекс роди машко бебе.
Меган и Хари добија машко бебе, јавува Гардијан, повикувајќи се на извори од Бекингемската палата. Најмладиот припадник на британската кралска фамилија е седми по ред на тронот и осми правнук на кралицата Елизабета.
Војводата од Сасекс бил присутен на раѓањето, кое се случило денеска, во 5.26 часот.
Бебето е четвртиот внук на принцот од Велс, и прво за мајката на Меган, Дориа Раглен, која се смета дека е во новата резиденција на парот Фрогмор Котиџ, на имотот Виндзор, откако дојде овој месец, од нејзиниот дом во Лос Анџелес, за да ја поддржува нејзината ќерка.