20 Мај, 2024
0.0255

Се повеќе кинески мед во Хрватска-домашните пчелари лути!

Објавено во: Агробизнис 11 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Дури 245 тони кинески мед мината година увезла Хрватска, пишува Пословни. Покрај производството од околу 7.000 тони мед, кој ги задоволува домашните потреби, Хрватска, мината година со влезот во ЕУ, скоро тројно го зголемила увозт на мед во однос на 2012-та, додека  извозт во споредба со 2009-та година се намалил за  седум пати. Од 330 тони увезени во 2013-та, 245 тони е кинески мед, додека во 2012-та од оваа земја е увезено само 40 тони. Просечната цена кинески мед е 18 куни за килограм(2,35евра) и од него увозниците прават мали пакувања за угостителите, а завршува и во трговските ланци, каде  е 150 одсто поскап од хравтскиот мед кој домашните пчелари на куќниот праг го продаваат за 35 куни, наведува порталот. И трговците и угостителите знаат дека пазарот е незадоволен што мора да го прифаќа кинескиот мед, па на декларациите се почесто пишува дека станува збора за хрватско-кинески мед или ЕУ-кинеско потекло, во сооднос 80:20, предупредуваат од здружението на пчелари. Со посилна контрола би се вовело повеќе ред на пазарот, тврдат од ова здружение и додаваат дека засега контролите на медот кој се наоѓа на пазарот не се обврзувачки, единствено ако се посомневаат во неговата исправност, па се затоа прашуваат колку увезениот мед содржи тешки метали и антибиотици. Според Жељко Врбос, кој е на чело на Групацијата пчелари при ХГК и кој со 3000 кошници е најголемиот хрватски професионален пчелар, на ЕУ годишно и недостасуваат дури 150 до 200 илјади тони мед. Врбос оценува дека тоа е голема шанса за хрватските пчелари, кои произведуваат квалитетен домашен мед и истиот го извезуваат за 39 куни по килограм. Но наместо најмалку 1500 тони колку што се извезувало пред пет-шест години, минатата година од Хрватска се извезни само 164 тони мед. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?