05 Декември, 2024
0.0317

Интервју со Македонка Радуловиќ - Институт за семејни студии

Семејството денес се наоѓа во криза

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Семејствата денес се соочуваат со многу проблеми, сиромаштијата се оценува како најзначаен, затоа што не станува збор за изолиран проблем, вели во интервју за Фактор, Македонка Радуловиќ, доцент на Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет... Факт е дека семејството денес се наоѓа во криза и тоа го потврдуваат статисичките показатели кои коинтинуирано бележат негативни трендови. Ако ги аналзираме податоците од осамостојувањето на Република Македонија до денес, ќе забележиме дека за овој период во нашата земја секоја година се склучуваат 2000 бракови помалку, годишно имаме 1500 разводи повеќе, се раѓаат над 10.000 помалку деца годишно, а се зголемува возраста на стапување во брак и добивање на прво дете, вели Радуловиќ.

Од декември 2014 година е вработена на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за семејни студии, како доцент.

Фактор: Студентите од институтот за семејни студии организираа хуманитарен настан за собирање храна за самохрана мајка на три деца од Куманово. Најавите се дека ваквите настани ќе продолжат и во иднина.

Радуловиќ: Институтот за семејни студии и досега организираше различни хуманитарни настани. Три години по ред, традиционално, по повод Меѓународниот ден на семејството 15ти мај, организираме хуманитарен базар. На овој базар се продаваат изработки од студентите на семејни студии (украси, накит, колачи и сл) пропратени со некоја интересна порака за значењето на семејството. Парите собрани од продажбите беа донирани во Посебното основно училиште “Иднина”, како и за социјално загрозени семејства. Конкретно, последната акција беше иницирана од наша студентка која побара помош за Благородна Димитриевска, самохрана мајка на три деца и жртва на семејно насилство. Сметавме дека како Институт за семејни студии, најмалку што можеме да направиме е да организираме хуманитарна акција за донирање на храна и да помогнеме на ова семејство. Секако, ваквата практика ќе продолжи и во иднина. Целта е да ја разбудиме хуманоста и солидарноста кај нашите студенти, а воедно да ја поттикнеме свеста за значењето на секое семејство во нашето општество.

Фактор: Семејствата денес се соочуваат со големи проблеми, меѓу нив како најголем се издвојува сиромаштијата?

Радуловиќ: Семејствата денес се соочуваат со многу проблеми, сиромаштијата се оценува како најзначаен, затоа што не станува збор за изолиран проблем, туку, со себе носи многу пропратни проблеми кои влијаат на семејствата. Економската функција на семејството е една од основните функции. Во услови на невработеност и отсуство на приходи, таа не може да се остварува. Иако анализите бележат намалување на процентите на сиромаштија, податокот дека секој четврти граѓанин во РМ живее во беда е поразителен. Уште позагрижувачки е податокот според кој најголеми жртви на сиромаштијата се многудетните семејства и самохраните родители. Значи имаме домаќинства со деца кои тонат во сиромаштија, што претставува голема пречка за остварување на добробита на детето како една од основните цели на семејните политики во Европа.

Исто така, сиромаштијата ја одложува одлуката за стапување во брак и имање деца. Незадоволството од неможноста да се задоволат основните егзистенцијални проблеми води кон конфликти, депресија, насилство кое резултира со поголем број на разводи.

Фактор: Сакам да ве прашам за семејството денес. Дали во современието го добива местото што го заслужува?

Радуловиќ: Нуклеарното семејство, какрактеристично за македонското општество го губи фундаменталното значење. Периодот на транзиција како и ефектите на глобализацијата влијае на голем број промени: редефинирани улогите на членовите во семејството како и самиот модел на семејство. Од големи семејства кои живеат во заедници каде што мажот е глава на семејството, семејствата се повеќе се стеснуваат, жената станува почитуван и афирмиран лик, не само во семејството, туку, и на пазарот на трудот и во општеството. Новите модели на семејство, како еднородителски семејства, реконструирани семејства и семејства со еднополови заедници, се сѐ почести во Република Македонија. Семејството сѐ повеќе го губи идентитетот, станува нејасно која е улогата на семејството. Македонското семејство денес е ставенo пред предизвикот да се справи со ефектите на промените од една страна, а сепак да ги задржи елемeнтите на традиционалното македонско семејство, од друга страна.

Фактор: Што е со семејните вредности кои се неопходни за општествен развој?

Радуловиќ: Вредностите се извор на моралот и се стекнуваат преку процесот на социјализација, првенствено во рамките на семејството. Семејните вредности кои претставуваат комбинација од општествените, религиските, политичките, социјалните, моралните и работните вредности кои ги имаат членовите на едно семејство, се рефлектираат во нашето однесување, ставови и постаки во сите сфери на живеење. Ставовите кон моделот на семејство, бракот, партнерските односи, имањето и одгледувањето деца, во голема мера се определени од нашиот вредносен систем. Совремието се соочува со морален вакум. Семејните вредности, кои биле карактеристични во времето на т.н. “социјалистички морал”(како почит, меѓусебно разбирање и толеранција, љубов и поддршка, почит и жртвување за другите членови на семејството, меѓусебна помош и услуги, напорно активирање во полза на семејството), стојат наспроти можните негативни сфаќања и практики (материјализам, нетолеранција, грубост, острина и лутина, исклучивост, конкуренција меѓу членовите на семејството, отсуство на постојана комуникација или на меѓугенерациска комуникација).

Отсуство на изграден и цврст вредносен систем води кон изгубени поединци и семејства без идентитет. Моралниот,  вредносниот вакум придонесува за зголемување на девијантни појави во македноското општество

Фактор: Дали се разнебитува семејството и се урнисува сликата за потребата од градење на здраво семејство?

Радуловиќ: Факт е дека семејството денес се наоѓа во криза и тоа го потврдуваат статисичките показатели кои коинтинуирано бележат негативни трендови. Ако ги аналзираме податоците од осамостојувањето на Република Македонија до денес, ќе забележиме дека за овој период во нашата земја секоја година се склучуваат 2000 бракови помалку, годишно имаме 1500 разводи повеќе, се раѓаат над 10.000 помалку деца годишно, а се зголемува возраста на стапување во брак и добивање на прво дете. Исто така, бројот на вонбрачни деца се качи на 12% од вкупниот број родени деца, а стапката на фертилност го достигна “црниот” европски просек на 1,50 деца на една жена.

Промените се секако неизбежни, но сметам дека овие бројки треба да се земат в предвид при обликувањето на идните семејни политики во Република Македонија. Ако ваквиот тренд не запре, а продолжи да расте и животниот век кај македонските граѓани, ќе се соочиме со недостаток на работоспособно население  кое е примарно во грижата за ранливите и маргинализирани групи.

Позитивно е тоа што истражувањата кои што Инститит за семејни студии ги спроведува меѓу студентите, со цел да утврди какви се ставовите на младите луѓе поврзани со семејството, покажуваат позитивни перцепции за семејството. Студентите го вреднуваат семејството високо на пиедесталот. Најсигурни и најсреќни се чувствуваат во семејното опкружување и сметаат дека човекот целосно може да се оствари само како дел од семејство. Себеси се гледаат во брак кој е создаден од љубов и имањето деца го сметаат како задолжителен дел од остварување на нивниот сон.

Фактор: Совремието денес донесе прогрес во одредени сфери во семејното поимање, се отиде чекор напред во демократизацијата, но се чини дека одредени работи еродираа, посебно семејните вредности, како и насилството во сите сегменти, вклучувајќи го и семејното?

Радуловиќ: Општиот впечаток е дека  современиот начин на живот  ги става материјалните вредности над духовните и дозволува многу негативни вредности (материјализам, себичност, нетолеранција, нетрпеливост, бескрупулозност) да бидат на врвот на личната, но и на семејната пирамида на вредности. Како последица на ваквата сосотојба се повеќе се соочуваме со девијантни појави како: алкохолизам, наркоманија, криминал, проституција, убиства, корупција, насилство итн. Семејното насилство е проблем на семејствата, но и на државата воопшто и претставува феномен кој е во спротивност на демократските вредности. Сепак и покрај декларативната поставеност на македонското општество како демкратско, имаме висока преваленца на семејно насилство, над 37%. Во прилог на оваа констатација оди и фактот дека во Македонија 60 проценти од жртвите на семејно насилство  се женски лица. Неодамна јавноста беше запознаена и со поимот “фемицид” (убиство врз жени затоа што се жени), што, исто така, е последица на семејното насилство. Овие податоци се навистина застрашувачки и говорат дека треба да се работи на многу нивоа за справување со семејното насилство. Најпрво, превенција преку едукација (семејната и брачната едукација уште во средно училиште може да придонесе во оваа насока), како и стратегии за справување со семејното насилство како еден од најчестите проблеми на семејствата во РМ.

Фактор: Зошто е намалена социјализаторска функција на семејството во современото?

Радуловиќ:  Во минатото семејството претставувало стожер од кој потекнувал и во кој  се состварувал процесот на социјализација. Семејството функционирало како заедница, учењето, дружењето и забавата се одвивале во семејството или меѓу семејствата. Во новото време поединецот  е центар на универзумоти за да се социјализира  доволни се еден компјутер или мобилен телефон. Се забележува тенденција и практика се повеќе да доаѓа до израз на индивидуалитетот. Алтруизмот од минатото кој се карактеризирал со фактот дека сложно семејство и  поголем број деца претставуваат богатство денес е заменет со индивидуализам кој подразбира поголем комодитет кај мажите и жените, независност, успешна кариера и сл. Се добива впечаток дека социјализаторската, па и останатите функции на семејството веќе не се значајни, туку индивидуалните потреби.

Македонското семејство дефинитивно живее во новото време, меѓутоа тоа постоело и мора да постои.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЈКОТ КАКО ПОСЛЕДНА ОПЦИЈА, УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ УТРЕ ОСТАНУВААТ ДОМА: Наставата ќе продолжи само ако се најде решение

БОЈКОТ КАКО ПОСЛЕДНА ОПЦИЈА, УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ УТРЕ ОСТАНУВААТ ДОМА: Наставата ќе продолжи само ако се најде решение

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години

МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА: Полицијата го бара адвокатот Александар Ристески осомничен дека подметнал пожар во Комората

МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА: Полицијата го бара адвокатот Александар Ристески осомничен дека подметнал пожар во Комората

ДЕТЕТО КОЕ ПАДНА ОД ШЕСТИОТ КАТ ИМА ПОЛИТРАУМАТСКИ ПОВРЕДИ: Уште е на интензивна нега на Клиниката за детска хирургија

ДЕТЕТО КОЕ ПАДНА ОД ШЕСТИОТ КАТ ИМА ПОЛИТРАУМАТСКИ ПОВРЕДИ: Уште е на интензивна нега на Клиниката за детска хирургија

ТОШКОВСКИ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА: Македонскиот граѓанин, македонскиот народ многу добро знае што стои зад ова

ТОШКОВСКИ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА: Македонскиот граѓанин, македонскиот народ многу добро знае што стои зад ова

ЗА ПРИРЕДБАТА ВО ЧЕЛОПЕК СО ПЛАСТИЧНИ ПУШКИ И ОЗНАКИ УЧК: Јаневска кажа кој ќе понесе одговорност

ЗА ПРИРЕДБАТА ВО ЧЕЛОПЕК СО ПЛАСТИЧНИ ПУШКИ И ОЗНАКИ УЧК: Јаневска кажа кој ќе понесе одговорност

Притвор за уште едно лице, сакал да го пали албанското знаме

Притвор за уште едно лице, сакал да го пали албанското знаме

Левица: АНБ молчи додека проповедаат верски екстремисти поврзани со Ал Каеда

Левица: АНБ молчи додека проповедаат верски екстремисти поврзани со Ал Каеда

ПОЧИНА СУДИЈКАТА ЈОВАНКА СПИРОВСКА ПАНЕВА: Тажната вест ја соопшти адвокатот Јанаки

ПОЧИНА СУДИЈКАТА ЈОВАНКА СПИРОВСКА ПАНЕВА: Тажната вест ја соопшти адвокатот Јанаки