СЕУЛ БИ МОЖЕЛ ДА БИДЕ ЗАГРОЗЕН: Во случај на војна на Корејскиот полуостров ќе гинат по 20.000 луѓе дневно
Објавено во: Свет 26 Септември, 2017
Пентагон смета дека ако избие војна на Корејскиот полуостров, само во Јужна Кореја би гинеле по 20.000 луѓе дневно.
Ваков епилог би имало без Северна Кореја воопшто да го употреби своето нуклеарно оружје кое што е во завршна фаза на развој.
Американскиот генерал Роб Гивенс во разговор за "The Los Angeles Times" даде свој коментар за моменталната криза на Корејскиот полуостров и за опасноста од избивање на војна со Северна Кореја.
Што се однесува до проценката на бројот на жртвите на Пентагон, сето тоа укажува дека една мала искра може да резултира со судир од голема јачина, а посебно голем број на жртви може да се очекува бидејќи главниот град на Јужна Кореја - Сеул, е оддалечен на само 20 километри од границата со Северна Кореја.
Само во главниот град на Јужна Кореја моментално живеат околу 10 милиони луѓе, а во целата област околу градот каде што опасноста е најголема, живеат над 25 милиони луѓе.
Се проценува дека во случај на војна, во една безизлезна ситуација во која што ќе се најде севернокорејскиот режим, ќе биде нареден жесток напад на јужнокорејскиот главен град кој ќе биде напаѓан со сите расположливи средства, а постојат и гласини дека Северна Кореја поседува и хемиско оружје.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.