20 Мај, 2024
0.0303

Што би се случило ако сите луѓе престанат да јадат месо?

Објавено во: Агробизнис 05 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Месната индустрија е меѓу производните гранки кои најмногу влијаат на климатските промени. Директно или индиректно таа е „виновна“ за речиси 14,5% од вкупните емисии на гасови кои придонесуваат за ефектот на „стаклена градина“. Проблем е што консумацијата на месо е во пораст, а како што се зголемува светската популација последиците од „месојадноста“ на луѓето можат да бидат катастрофални за Земјата, предупредуваат експертите. Луѓето воопшто сакаат месо - кога сиромашните почнуваат да заработуваат повеќе пари, неизбежно започнуваат да купуваат и да јадат повеќе месо, пишува порталот „Бизнис инсајдер“. Обидите да се намали консумацијата на месо засега се во зачеток и вклучуваат само повремени акции како: „понеделник без месо“, „веган до 6 година“ и сл. Што би се случило доколку едно утро сите луѓе на Земјата се разбудат и едноставно престанат да јадат месо? Иако знаеме дека тоа нема да се случи, експертите на холандската Агенција за заштита на животната средина се обидоа да предвидат едно вакво сценарио. Според нивните проценки, „универзалното веганство“ би ја намалило емисијата на јаглерод водород за 17%, а на метан за 24% до 2050 година. Но од друга страна, преку ноќ би исчезнале 1,3 милијарди работни места, бидејќи токму толку луѓе од целиот свет работат на производство на месо и месни производи. Оваа индустрија придонесува и со 1,4% во вкупниот светски БДП. Друга последица на глобалното веганство би било ослободување на големи површини на земја. Во моментот, стоката за пасење користи дури 26% од копнените површини, доколку се исклучат оние кои се под мраз. Со премин на исхрана без месо, луѓето би добиле уште 2,7 милијарди хектари земјиште за населување. Уште една последица би била намалена отпорност на антибиотици. Рутинската употреба на антибиотици во одгелдувањето на животните влијае и на луѓето кои го консумираат нивното месо и ја зголемуваат отпорноста на луѓето на антибиотици. Само во САД годишно се разболуваат околу два милиони лица кај кои антибиотиците намаат никакво дејство. До 2050 година се проценува дека светската популација би можела да брои околу девет милијарди лица.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?