Богдановиќ за да ги спаси Центарци од загадувањето ќе ги поскапи цените на паркинг картите
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2017
Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, заедно со својот тим, работи на реализирање на заложбите за чист воздух и „Зелен Центар“.
„Податоците за загадување на воздухот кој има последици врз здравјето бара итно превземање на чекори за да се ублажи овој проблем. Во општината се разработува и скенира состојбата со зеленилото, кое беше драстично намалено за поставување на стиропорни згради и споменици од проектот „Скопје 2014“, вели градоначалникот Богдановиќ.
Забрана за градење во овие месеци, вертикални зелени градини, Кула за прочистување на воздухот, се решенијата за подобрување на квалитетот на животот и заштита на животната средина.
Денеска на средба со ВД директорот на ПОЦ Вангел Андрески, се разгледуваше можноста за зголемување на цената на паркинг картата за да стимулираат граѓаните да го користат јавниот градски превоз, со што значително ќе се намали загадувањето. Оваа одлука нема да важи за жителите на Центар, кои и натаму ќе ги користат сите поволности, но и за и сите кои работат во централното градско подрачје.
Се договара и и ослободување на тротоарите од паркирани возила, а проектот кој ќе значи поголема безбедност ќе започне да се реализира на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.