18 Април, 2024
0.0307

ШТО ПОДГОТВУВА Цукерберг: Фејсбук им нанесува сериозен удар на медиумските содржини

Објавено во: Стил 12 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Facebook ја објави официјално огромната промена која претстои при начинот на кој социјалната мрежа ја  покажува содржината на своите корисници. Експериментот кој веќе неколку месеци се прави во Словачка, Шри Ланка, Србија, Боливија, Гватемала и Камбоџа - во News Feed да се дава предност на содржини од семејството и пријателите пред медиумските и другите публикации, ќе стане факт за сите земји во светот и сите 2 милијарди корисници.

Кај "експерименталните држави" сообраќајот кон медиумите е урнат со меѓу 60 и 80% по воведувањето на промените. За да се гледаат медиумските пораки во News Feed-от на корисниците, тие ќе треба да бидат засилени со пари или да се плаќа за реклама, пишува Reuters.

Ова е најголемата стратешка реформа на содржината во последниве години во социјалната мрежа. Нејзиниот алгоритам досега приоритетизираше содржина која, нејзините компјутерски алгоритми проценуваа дека ќе го испровоцира корисникот да му се допадне или коментира.

Марк Цукерберг, 33-годишниот основач на компанијата, напиша вчера во својот профил дека целта не е веќе таква и наместо тоа Facebook ќе им помага на корисниците да имаат "повеќе значајни социјални контакти". "Кога ќе го воведеме тоа ќе гледате помалку публикации на фирми, брендови и медиуми", рече тој.


Фејсбук и неговите конкурентски социјални мрежи се преоптоварени со критики дека нивните производи ги зајакнуваат ставовите на потрошувачите за социјалните и политичките прашања. Компанијата критикуваше дека нејзините алгоритми може да имаат приоритет на погрешни вести и лажни информации и на тој начин беа под влијание на претседателските избори во САД во 2016 година.

Промените нема да влијаат на рекламите и најверојатно ќе погодат бизниси кои сакаат да бидат промовирани без да плаќаат за рекламирање.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре