20 Мај, 2024
0.0307

Што заклучија Мицкоски и Ахмети по два часа средба?

Објавено во: Македонија 03 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ по средбата која траеше два часа не излегоа со нови заклучоци или поместување од досегашните позиции, па така нема најдено решение за изгласување на Законот за употреба на јазиците во Собранието каде се поднесени илјадници амандмани.

„Ова не беше средба за преговарање, ова беше средба за честитање. Се отвори тоа прашање, секој си има свои позиции. Ова не беше средба за напредок“, изјави Али Ахмети по средбата во саботата во седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ.

Запрашан во врска со Законот за употреба на јазиците, Ахмети на новинарско прашање рече дека средбата не била за преговори туку за честитање. Тој изјави дека во интерес на двете партии е стабилноста на земјата и напредок во имплементирање на реформите.

„Разменивме мислења на многу конструктивен начин и за неопходните реформи кои мора да ги завршиме во земјава. Разговаравме и за политичките процеси во земјата. Интересот на двете партии е нашата држава да биде што е можно постабилна“, изјави Ахмети.

Ова е прва официјална средба на лидерите на двете партии откако Христијна Мицкоски стана лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Истиот став го искажа и Христијан Мицкоски, кој рече дека соговорниците во саботата ги повториле и аргументирале своите позиции околу Законот за јазици.

„Не дискутиравме за детали. Ги аргументиравме нашите позиции, они нивните. Отприлика тука заврши дискусијата за Законот за јазици. Ова не беа преговори за да можеме да кажеме дали секој бил на своето, туку едноставно на таа тема ги аргументиравме нашите позиции ние, тие своите“, рече Мицкоски.

И двајцата не открија дали опозицијата го испорачала својот неформален предлог за замрзнување на Законот за јазици и формирање работни групи за евентуална измена, но и дали Мицковски побарал објаснување за најавата на спикерот Џафери дека „за скоро ќе немаат аргументи“ за бојкот на Собранието.

Официјално двајцата лидери велат дека најмногу време потрошиле на евроинтеграциите и реформските закони. Ахмети рече дека добил ветување за поддршка за нив, Мицкоски, пак, европската агенда е пропратна за неговата партија, и посочи дека враќањето на пратениците од опозицијата во Собранието не зависи од нив, туку од власта, бидејќи како што повторни, 12 отсто од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во притвор.

„Поради математички и политички причини не можеме да учествуваме во работата на Собранието. Математичката е поради тоа што 12 отсто од пратениците ни се во притвор, така што ние не можеме со сиот свој капацитет да учествуваме во работата на Парламентот. Политичката е поради сериозното нарушување на демократскиот амбиент во Македонија“, рече Мицкоски.

Ахмети порача дека по изборот на новото раководство во ВМРО-ДПМНЕ, се чувствува како што рече смена на односот на партијата кон Албанците.

Лидерот на ДУИ го придружуваше неговиот шеф на кабинет, пратеникот Артан Груби, друштво на домаќинот пак му правеше екс министерот за финансии Трајко Славевски како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и според информациите на состанокот ги аргументирал економските позиции на ВМРО-ДПМНЕ. И двајцата лидери рекоа дека средбата била конструктивна. Ахмети најави дека ќе има и други во иднина.


Можеби ќе ве интересира

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат