28 Ноември, 2024
0.0321

Шумското производство расте - кои видови дрвја ги има повеќе?

Објавено во: Агробизнис 10 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2016 година, во однос на третото тримесечје лани е зголемено за 1.7%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај друго обло дрво од иглолисни и листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничко  дрво од иглолисни и листопадни видови, огревно дрво од иглолисни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.