22 Мај, 2024
0.0313

СИ ПОМИСЛИВ ДА НЕ ГО ГАЗЕЛА ЗНАМЕТО, ДА ПЛУКАЛА ПО НЕГО, ГО ПАЛЕЛА - Драган Антоновски згрозен од ФБ омразата што се шири за претставничката на Евровизија

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Драган Антоновски, новинар и директор на Македонската информативна агенција, на фејсбук излезе со свој личен став за силните реакции кои се пласираат на социјалната мрежа откако нашата претставничка за Евровизија го фрли знамето на државата, со цел да се фотографира, за што таа после и ѝ се извини на нацијата.

„Што лудило е ова еј? Само да се чека некој да згреши и сите да му се згнат да го черечат. Ова фејсбук каналов стана како место за канализација. Девојчето нит го знам ниту познавам, песната мене во старт ми прави ќејф. И кога ја видов омразата и сите гадости.. тоа блуење од дневните дежурни „критичари“, поитав да го најдам видеото и да видам што е. Си помисив толку омраза по ФБ, мора да го газела знамето, да плукала по него, да го палела... !? Испадна една несмасност, за девојка која очигледно не се бави со тој политички „ПАТРИОТСКИ пакет“, и ете згрешила, го дофрлила до некој таму за да  се фотографира. Грдо изгледа ама дефинитивно не е за бесење, аман. Се гледа дека нема намера за бербатење, негирање, понижување! Мене така ми личи. Толкаво врескање по девојчето, а слепило кога ќе се свртиш и видиш колку наши парталави знамиња висат по институции или ги нема таму каде што треба или ги има како што не треба ...? За ова МОЛК! Остајте го девојчето да си пее, таа тоа најдобро го знае, а тоа што цела таа млада генерација веќе нема никаков однос и кон знамиња, и татковина и  припадност .... е тоа е една друга тема за која вреди да се дебатира, ама не на ФБ, и не да се блуе омраза или само да се констатира!“, пишува Антоновски на својот фејсбук профил.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази