СИТЕ СЕ ПРАШУВААТ: „Каде е Михаел Шумахер и што прави?“
Објавено во: Свет 03 Ноември, 2018
За здравствената состојба на легендарниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, речиси ништо не се знае, бидејќи семејството не излегува во јавноста.
Британскиот таблоид ,,Експрес" неодамна објави текст под наслов: „Каде е Михаел Шумахер? Дали некогаш ќе биде подобро?“.
Авторот на текстот истакнува дека не е сосема јасно каде точно се наоѓа легендарниот Германец во моментов. Дали е во својата куќа во Швајцарија или е на ранчот во Соединетите Американски Држави.
„Според тоа што знаеме за неговите повреди, Шумахер не може да оди, ниту да зборува, но изворите тврдат дека покажува емоции. Според извештаите за здравствената заштита, сметките на Шумахер за домашна нега надминуваат 22 милиони евра“, се наведува во текстот.
Францускиот весник „Paris Match“ наводно има изјава на еден член на семејството.
„Кога го ставаме во инвалидска количка и се враќаме по прекрасната панорама на планината со поглед на езерото, Михаил понекогаш плаче“.
Неговите деца и сопруга не ја губат надежта дека Михаел сепак ќе се опорави.
Близок на семејството вели дека Корина и децата секојдневно се надеваат на медицинско чудо. Семејниот пријател исто така откри дека легендата е добро, ако се земат предвид ситуацијата и околностите во кои се наоѓа.