20 Мај, 2024
0.0245

Ситните земјоделци не се конкурентни на пазарот

Објавено во: Агробизнис 06 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Швајцарски експерти ги советуваат македонските земјоделци дека мора да го окрупнат производството за да имаат поголем ќар. Расцепканоста на македонското земјоделство еден од проблемите за заживување на договорното производство. Затоа Швајцарците предлагаат враќање на стариот систем на задруги и кооперации, но во посовремена варијанта, со кои земјоделците ќе можат полесно да остваруваат повисоки приходи.
Не може да се постигне некаква голема ефективност кога се работи со голем број на производители. Оттаму е и одговорноста на земјоделците самите да се организираат“, вели Беат Ходлер, земјоделски консултант од Швајцарија.
Засега во струмичко функционира само една земјоделска кооператива, иако земјоделците признаваат дека преработувачите, наместо од индивидуалци, повеќе купуваат од поголемите откупувачи.
„Ние како земјоделска задруга оваа година заминавме чекор напред во сорабнотката со преработувачките капацитети. Продадовме 450- 500 тони“, објаснува Драги Памуков од земјоделската задруга Вегефреш од Куклиш.
Заради недоверба меѓу земјоделците и преработувачите, никако да заживее договореното производство, кое може да донесе помалку производствени вишоци и повисоки откупни цени.    

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?