СЈО побара изземање на судијата за случајот „Трезор“, Судот смета дека ова е преседан
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2016
Специјалното јавно обвинителство побара изземање на судијата на претходна постапка кој постапува во случајот „Трезор“ од причини наведени во записник дадени пред судијата на претходна постапка. Со ова СЈО дополнително влијае на одолговлекување на постапките кои тие самите ги покренуваат до овој суд, се жалат од оттаму.
- Претседателот на Основен суд Скопје 1 - Скопје во рок од три дена треба да одлучи по барањето за изземање на судијата, што е трето по ред барање за изземање на судии од страна на СЈО, што претставува преседан во постапување на јавно обвинителство бидејќи во досегашното работење на судот не било поднесено ниту едно вакво барање од страна на останатите обвинителства, велат од Кривичниот суд.
Во однос на предлогот за определување на мерка притвор, по донесувањето на одлуката на судијата на претходна постапка, јавноста ќе биде дополнотелно информирана, дополнуваат од Судот во своето соопштение.
Специјалното јавно обвинителство отвори истрага по сомнение за проневера на вкупно 862.045 евра за набавка на опрема од странство за потребите на Петтата Управа. За злоупотребата се товарат тројца вработени во УБК и еден во МВР за кои СЈО смета дека проневериле државни пари за лично богатење.
Поранешните шефови на УБК и на Петтата управа, Сашо Мијалков и Горан Грујовски, помошник-министерот за информатички технологии во МВР, Небојша Стајковиќ, како и бившиот шеф на кабинетот на директорот на УБК, Тони Јакимовски, се осомничени од СЈО за новиот случај.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.