20 Мај, 2024
0.0241

Скок на цената на пченицата на светските берзи, дали македонскиот пазар е во опасност?

Објавено во: Агробизнис 29 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Кризата во Укрина ја зголеми цената на пченицата на светската берза. Минатата недела цената била 295 долари за тон, а според анализите на странските експерти, секоја недела цената се зголемува за 10 долари за тон. Во феврури цената на пченицата беше 270 долари за тон.Очекувањата се дека во периодот што следува, цената на пченицата ќе го достигне плафонот и ќе изнеусва 300 долари за тон. На домашен терен засега велат нема опасност од евентуални поместувања на пазарот со пченица, и покрај тоа што се очекува одреден скок на цената на пченицата, бидејќи ние сме зависни од увозот од бугарскиот и српскиот пазар.
„Сметам дека засега нема да опасност кризата во Украина да влијае врз пазарот со пченица кај нас. Ние сме мала земја и не сме толку голем поторошувач, нас ни е важно како ќе се одвиваат работатите во Србија, бидејќи од таму увезуваме пченица. Но сепак сéуште е рано да се каже како кризата во Киев ќе влијае врз цената на храната. Евентуалните последици би се почуствувале во мај кога ќе се знае какви ќе ни бидат приносите од пченица и другите земјоделски култури. Но за големите поторшувачи на пченица како Африка, Индија и Египет, секако дека кризата во Украина ќе влијае лошо. За нас е важно да се погодат временските услови, а досега се во корист на посевите. Дождот деновиве влијае позитивно, и ако работите се одвиваат како досега милсам дека ќе имаме добра жетва годинава“, вели Огнен Оровчанец, претседател на Агро-бизнис комората во Сојузот на стопански комори на Македонија.
Од Стопанската комора на Македонија, пак велат дека очекуваат проблем да се појави со цената на суровото сончогледово масло, кој е берзански производ, а Македонија е увозно зависна. Украина е голем производител и на сончоглед и на пченица. Цената на овие два производа веќе почна да расте, а тоа се случува и во Србија, вели Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија. Според податоците минатата година увозот на сурово сончогледово масло од Украина изнесувал 1 милион килограми и бил во вредност од 1 милион долари. НБРМ: Кризата во Украина ќе предизвика ценовни шокови Гувернерот на Народната банка на Македонија Димитар Богов неодамна изјави дека кризата во Украина и односите меѓу Русија и западните сојузници ќе имаат влијание и врз македонската економија.
„Тамошните случувања веќе предизвикаа мал пораст на цените на пченката и пченицата и доколку дојде до ескалација на состојбите и меѓусебни трговски ембарга помеѓу Русија и Западот можен е пораст и на цената на нафтата и оценувањата за пораст на економијата во ЕУ од 1 отсто да бидат намалени што секако ќе има одраз и на нашиот извоз кој главно оди во земјите на ЕУ", изјави гувернерот Богов.
И во најновиот мартовски извештај на НБРМ за макроекономските показатели, стои дека дека конфликтот меѓу Украина и Русија е нов фактор кој што може да предизвика нестабилност и појава на поголеми ценовни шокови и претставува потенцијален иден ризик за инфлација. Во извешатјот стои дека се очекуваат неповолни движења на цената на нафтата и природниот гас во 2014 и 2015 година, металопреработувачката индустрија, но и зголемување на цената на основната храна. Дополнително негативно ќе влијаат лошите временски услови, односно сушната зима во Европа и светот, што може да доведе до ценовни шокови преку увезените цени на храната и енергијата. Во Украина веќе се проблематизира извозот на пченица, а според старнските екпсерти состојбата ќе се влоши доколку Москава продолжи со строгата тактика во Крим. Тоа ќе влијае врз скок на цената на пченицата. Руската анексија за Крим, не само што е ризик за укринскиот извоз на пченица во регионот, туку може да го загрози и извозот и на Блискиот Исток и во Северна Африка. Украина, со капацитет за некои 40-45 милиони тони жито за извоз, има повеќе од доволно капацитет за своите пратки, кои Владата ги проценува на 33 милиони тони за 2013-2014 година. Сепак, со анексијата на Крим изгуби 4- 4,5 милиони тони. Дополнително и временските услови не се на страната на земјоделството ниту во Украина, ниту во Русија. Неодамна Русија ја погодија врнежи, а украниските посеви не видоа ниту капка дожд. Во Украина има намалување на посевите за 23%, односно 24.700 хектари наместо со пченица се посеани со пченка и сончоглед. Во Русија врнежите предизвикаа сушење на една третина од есенкисте посеви, кои се очекува пак да се надоместат со пролетните посеви. Минатата година македонскиот извоз во Украина изнесувал околу 22 милиони долари, а Украина во Македонија извезла стока во вредност од 90,5 милиони долари. Ј.С.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?