СКОПЈАНИ КОНЕЧНО ДОЧЕКАА: Ќе се реконструираат 36 мостови во метроплата
Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2022
Град Скопје во соработка со Јавното претпријатие „Улици и патишта“ отпочнува со проект за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје.
Дел од мостовите и натпатниците како повеќедецениски предизвик и покрај потребата не се санирани, а неопходна е реконструкција на коловозот, тротоарите и оградите, со што значително ќе се придонесе за зголемување безбедноста.
-Отпочнуваме со системско следење на надлежностите, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување - велат од градот.