СКОРО СЕКОЈА СЕДМИЦА СО НОВА КОМПАНИЈА: Ејпл купува мали фирми со талентирани сопственици
Објавено во: Свет 07 Мај, 2019
Американскиот гигант Apple купува нова компанија на просечно две до три недели, изјави главниот извршен директор на корпорацијата од Купертино Тим Кук, пренесуваат европските медиуми.
Само во изминатите шест месеци Apple има стекнато околу 20 до 25 компании, признава Кук.
„Apple не ги објавува овие договори,
бидејќи компаниите се мали, а компанијата бара претежно талентирани и интелектуално
способни сопственици“", изјави
менаџерот.
Агресивниот стил на купување ја нагласува
огромната куповна моќ на Apple. Во својот финансиски извештај за вториот
квартал технолошкиот гигант соопшти за парични средства во износ од 225,4
милијарди долари, што ја прави една од најбогатите компании во светот.
„Компаниите кои ги купуваме се фирми коишто ни
требаат, коишто можат да се вклопат или имаат стратешка цел“, истакнува Кук.
Apple е американска мултинационална технолошка компанија со седиште во Купертино, Калифорнија, која дизајнира, развива и продава електроника, компјутерски софтвер и онлајн услуги. Се смета за една од големите четири технологии во светот, заедно со Амазон, Гугл и Фејсбук.