20 Мај, 2024
0.0253

„Сковин“ навреме го плати откупеното грозје

Објавено во: Агробизнис 13 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Винарската визба „Сковин“ соопшти дека ги исплатила во целостлозарите и компаниите преку кои се снабдува со грозје. „И оваа година, како и претходните, нашата винарија ги почитуваше препораките на владата во врска со цените на исплата на грозјето, а воедно и роковите на исплата на лозарите, па навремено и соодветно на законот го исплати откупеното грозје“, стои во соопштението на компанијата. Во текот на ланската производна година винарницата обработи 18,5 милиони килограми грозје добиено од повеќе добавувачи од земјата и од сопствените лозови насади, кои се протегаат на 600 хектари земјиште во Скопското и Тиквешкото виногорје. Во „Сковин“ напоредно со пласманот на вина на домашниот пазар се работи и на зголемување на извоз на досегашните и на нови пазари. Неодамна е потпишан Договор за дистрибуција на вино во Босна и Херцеговина каде што годишно се очекува да се  извезуваат повеќе од 500 илјади литри вино, а се преговара и со фирми дистрибутери од  Албанија, Русија и Кина.Неодамна винаријата отвори свој винарски подрум кој ќе биде основа за развој на винскиот туризам. И годинава компанијата преку инвестирање во  нови технологии планира да го продолжи процес на подобрување на квалитетот на своите производи.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?