22 Мај, 2024
0.0324

Славчо Попоски најавува дека ќе имаме температури кои потсетуваат на вистинско лето

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски најавува дека ќе имаме температури кои потсетуваат на вистинско лето. 

Вели дека во наредните денови ќе имаме потопла воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка, температурите ќе бидат се повисоки, а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Во попладневните часови, и тоа особено во планинските региони ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Барем одсега гледано, значително понестабилно ќе биде во петок и во сабота кога во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите има услови да бидат застапени во форма на невреме. 

„Што се однесува до температурите, тие во текот на неделава која што ни претстои, и тоа минималните ќе се спуштаат во интервалот некаде од 4 до 10 степени, додека кон крајот на неделава истите ќе бидат повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени. Од средината на неделава па натаму, во најтоплите предели, односно во централните и во југоисточните предели максималните дневни температури ќе се искачат до околу 30 степени, или малку над таа вредност. И во Скопје и околината во следните денови ќе биде се потопло, а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека особено кон крајот на неделава ќе растат условите за попладневна нестабилност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Со огледна оваа најнова метео анализа, полека но сигурно се приближуваме кон летниот топол период од годината, а пред нас е и првиот поизразен топол бран со потекло од северна Африка, и истиот како што погоре кажавме, особено во најтоплите предели ќе услови температури и до 30 степени, а можни се температури и малку повисоки од таа вредност“, вели Попоски. 

Сепак во попладневните часови, ќе имаме попладневен краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во планинските предели. Поголема нестабилност се очекува во петок и во сабота.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази