Славчо Попоски најавува температури до 42 степени
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2022
Метеорологот Славчо Попоски најавува дека деновиве температурите ќе се искачат до 42 степени.
Вели дека продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност.
„Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите понатаму, и тоа особено од утре па за време на викендот ќе бележат тенденција на голем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, и тоа поради влијанието на екстремно топлата воздушна маса од Африка. Ув – индексот и понатаму ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности. Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите од утре, а особено за време на викендот ќе се приближат дури до околу 40 степени“, вели Попоски.
Порачува граѓаните да внимаваат да не дојде до пожари во природа.
foto freepik.com