СЛЕДИМЕ ЛИ НЕШТО ЗА КОРОНАТА КАЈ НАС - во Србија за еден ден 255 заразени, тројца починати
Објавено во: Македонија 01 Мај, 2023
Во Србија за 24 часа се регистрирани уште 255 случаи на заразени со корона вирусот, од 1.921 тестирани примероци.
Од последици од коронавирусот почина тројца пациенти.
На болничко лекување се 100 лица, од кои 13 се на респиратори, објавено е на веб-страницата covid19.rs.
Субваријантниот омикрон сој на корона вирусот - кракен - е најчест во Србија. Светската здравствена организација предупреди дека тоа е најпреносливата варијанта на вирусот досега.