20 Мај, 2024
0.0258

Снегот може да предизвика штети во земјоделството

Објавено во: Агробизнис 16 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Пролетниот снег кој го зафати Балканот, како и ниските температури, ги изненадија земјоделците. По подолгиот период на топло време, дел од земјоделските посеви доживуваат „температурен шок“ од промената на временските услови. Во соседна Србија веќе започнаа да се бројат штетите. Само во општината Ивањица штетите на овошките се проценуваат меѓу 10-15 милиони евра. „Ова е незапаметено! Не кога станува збор за висината на снежната покривка, туку кога се зборува за настанатата штета на малините кои речиси процветаа, како и на останатото овошје“, вели претседателот на општината Миломир Зориќ. Тој додава дека никој не се надевал на ваква промена на времето среде пролет, што предизвикало вистинска елементарна непогода. Одгледувачите на овошје цел ден се јавувале во општината за да алармираат, бидејќи одгледувањето на овие култури им било единствен извор на приходи. Приходите од малини на оваа српска општина минатата година изнесувале околу 20 милиони евра, а сега е уништен речиси целиот род за годинава. Снег денеска падна и во Македонија, но сеуште нема прецизни анализи како тој ќе се одрази на земјоделските култури, посебно на оние кои се во фаза на процветување.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?