20 Мај, 2024
0.0257

Сончоглед за грицкање од Турција се продавал како семенски материјал во Македонија

Објавено во: Агробизнис 08 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Околу 16.000 килограми сончоглед за грицкање увезен од Турција заплени Државниот земјоделски инспекторат, откако утврди дека сончогледот во земјава се продавал како семе. Измамени се 250 земјоделци, на кои фирма од Битола им го продавала сончогледот како семенски материјал. „Сончогледот не исполнува ниту една карактеристика да биде семенски материјал и не одговара согласно Законот за семе и саден материјал. Се што било дистрибуирано кај земјоделците се повлекува, а земјодлеците се информирани дека не треба да вршат сеидба со ова семе, затоа што немаме никакви докази за сортата на сончогледот, ниту имаме гаранција какви приноси ќе има“, вели директорот на Инспекторатот Румен Стаменов. Сончогледот на земјоделците им бил продаван по цена од пет евра за килограм. Против фирмата-увозник ќе биде поднесена и кривична пријава, а таа ќе мора да плати и парична казна.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?